Ги извлекле минути пред да го истрошат кислородот, по 80 часа во подморница: Детали за неверојатното спасување во 1973-та

Роџер Малисон и Роџер Чапман поминале 80 часа заробени во подморница, откако  се скинал кабелот што ги поврзувал со бродот на површината. За среќа, биле спасени, и тоа само неколку минути пред да го истрошат целиот кислород. Како се изведувала оваа тешка спасувачка мисија?

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-01.jpg

Деновиве целиот свет зборува за подморницата Титан и петте патници кои загинаа додека се спуштаа до дното на Атлантскиот Океан за да ги видат остатоците од потонатиот Титаник.

Мисијата за спасување на патниците додека се веруваше дека се живи е една од најголемите вакви операции во историјата.

Но, дали знаевте дека сличен инцидент се случи и во 1973 година? За разлика од трагичниот крај на патниците на Титан, спасувачката мисија од 1973-та беше успешна.

Во подморницата беа заробени Роџер Малисон и Роџер Чапман кои беа спасени по повеќе од 80 часа.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-11.jpgЧапман (лево) и Малисон (десно) пред неколку години

Кога се дозна за исчезнатата подморница Титан, се огласи и еден од преживеаните од 1973-та, откривајќи колку е страшно да се биде заробен под вода, без надеж за спасување.

Сега 85-годишниот Роџер Малисон зборуваше за Sky News, истакнувајќи дека чувството е ужасно.

„Дефинитивно мислевме дека нема да преживееме. 84 часа се многу долг период и немавме доволно храна, немавме доволно кислород. Моравме да внимаваме еден на друг и тоа можеби ни го спаси животот“.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-2.jpgРоџер Малисон пред некоја година

Што се случило во 1973-та и како двајцата мажи беа спасени?

Тогаш 28-годишноит Роџер Чапман и 35-годишниот Роџер Малисон работеле на инсталирање подводен телефонски кабел.

Чапман бил пилот, додека Малисон работел како капетан на подморница во кралската морнарица.

На 29-ти август 1973 година, Чапман и Малисон влегле во Pisces III – подморница со дијаметар од 1,8 метри.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-13.jpgПодморницата Pisces III

Тие требало да поминат осум часа во подморницата, на длабочина од 488 метри и да го постават кабелот, а потоа да го покријат со земја.

Целата мисија требало да трае околу осум часа и поминала без проблеми – и двајцата биле искусни, а ова не им било прво одење под вода со подморница.

Околу 9 часот наутро, тие се подготвувале да се вратат на површината. Подоцна и двајцата открија дека биле гладни и размислувале за појадокот додека се движеле кон површината.

Но, тогаш почнале нивните проблеми.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-10.jpgЧапман и Малисон со сопругите 

Една од вратите на подморницата била оштетена. Иако претходно Малисон нагласил дека треба да се поправи, неговите шефови му рекле да ја игнорира.

Оштетената врата почнала да пропушта вода и двајцата мажи го слушнале алармот за можно протекување во подморницата.

Одеднаш и подморницата била повлечена надолу, а по неколку минути се скинал и кабелот со кој подморницата била поврзана со бродот на површината. Па, почнале брзо да паѓаат надолу.

„Беше застрашувачко и паднавме на дното за 26 секунди. Ни требаа четири минути да се искачиме, но надолу го поминавме истиот пат за 26 секунди“, откри Малисон.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-14.jpg

Додека паѓале, двајцата мажи брзо ги прицврстиле работите во подморницата што би можело да се разлетаат од ударот, а ја исклучиле и цела електроника за да го намалат ризикот од експлозија кога ќе удрат на дното.

Ова брзо размислување дефинитивно ги спасило.

Кога удриле на дното, од инструментите на подморницата сфатиле дека се на длабочина од речиси 500 метри. Дотогаш, не била извадена ниту една спасувачка мисија на таа длабочина.

Кога мажите се соземале, сфатиле дека ќе мораат да решат многу проблеми ако сакаат да преживеат.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg