Луѓе кои биле неправедно осудени и поминале над 20 години во затвор за туѓи злосторства

Американецот Кит Харвард „за влакно“ ја избегнал смртната казна и поминал 33 години во затвор за убиство и силување што не ги направил. Кои други луѓе поминале голем дел од животот во затвор за злодела што не ги ни направиле?

lugje-koi-bile-nepravedno-osudeni-i-pominale-nad-20-godini-vo-zatvor-za-tugji-zlostorstva-01.jpg

Факт е дека некогаш правниот систем потфрла. Но, проблемот е што со овие грешки им се „краде“ целиот живот на некои луѓе.

Шест луѓе кои поминале над две децении во затвор, за злосторства што не ги направиле:

Ентони Маза – 47 години

Ентони Маза беше ослободен во 2020-та, откако помина 47 години во затвор за убиство и грабеж што не ги направил.

На 5-ти јули 1972 година, полицијата во Бостон добила повик за непријатна миризба во станбена зграда.

Миризбата доаѓала од станот на маж по име Роберт Андерсон кој скокнал од прозорецот кога полицијата затропала на неговата врата.

Во станот, полицијата го нашла телото на 34-годишен маж, а аутопсијата покажала дека бил задавен.

Роберт сепак бил фатен и уапсен, а ѝ кажал на полицијата дека не го убил мажот туку, кога си дошол дома, го начекал тогаш 25-годишниот Ентони Маза како стои над мртвото тело.

Наводно, Ентони носел кожени ракавици, а џебовите на убиениот маж биле превртени што алудирало на грабеж.

Додека траела истрагата, Роберт Андерсон бил ослободен од обвиненијата, додека Ентони добил доживотна казна затвор.

Со години, Ентони ги молел надлежните повторно да го отворат случајот за да ја докаже својата невиност.

Дури во 2006 година полицајците забележале чудна изјава од братот на Роберт која ја докажувала невиноста на Ентони.

Конечно, во јуни 2020-та, Ентони бил прогласен за невин.

lugje-koi-bile-nepravedno-osudeni-i-pominale-nad-20-godini-vo-zatvor-za-tugji-zlostorstva-02.jpg

Кит Харвард – 33 години

Кит Ален Харвард ја докажа својата невиност во 2016-та, по 33 години поминати во затвор за силување и убиство. Тој „за влакно“ ја избегнал смртната казна.

Кит бил осуден во 1982 година за грозоморно злосторство – убиецот влегол во домот на брачен пар, го убил сопругот и на крај ја силувал сопругата.

За време на нападот, убиецот ја гризнал за двете нозе.

Бидејќи било темно, жртвата не можела да го идентификува напаѓачот, но кажала дека носел морнарска униформа.

Кит Харвард бил морнар и неговото дентално досие било проверено, а форензичарот која ја правел анализата заклучил дека тој не е виновникот.

lugje-koi-bile-nepravedno-osudeni-i-pominale-nad-20-godini-vo-zatvor-za-tugji-zlostorstva-04.jpg

Сепак, шест месеци подоцна, тогашната девојка на Кит го пријавила дека ја каснал додека се расправале, па тој станал главен осомничен во убиството и силувањето.

Против Кит немало никакви цврсти докази, освен сведоштвото на маж од обезбедување кој тврдел дека го видел со крвава униформа утрото по нападот.

Покрај тоа, двајца заболекари тврделе дека раните на нозете на жртвата дефинитивно се совпаѓале со забите на Кит. Важно е да се нагласи дека научниците сега тврдат дека не може да се најде осомничен само според рани на телото на жртвата.

Кит добил смртна казна, но набрзо била променета во доживотна казна затвор.

Три децении подоцна, била направена соодветна ДНК анализа и, конечно, Кит ја докажал својата невиност.

lugje-koi-bile-nepravedno-osudeni-i-pominale-nad-20-godini-vo-zatvor-za-tugji-zlostorstva-05.jpg

Клифорд Џоунс – 30 години

Клифорд Џоунс поминал 30 години во затвор за силување и убиство, пред да биде ослободен во 2017-та.

Во 1980 година, жена се договорила со маж да се сретне во стан за да имаат секс. Но, се премислила, по што мажот ја силувал и убил еден од луѓето кои живееле во зградата.

Жената гледала фотографии од потенцијални осомничени и го препознала Клифорд Џоунс.

Иако жената имала проблеми со зависност од дрога и била под дејство кога го препознала Клифорд, ова било доволно за да му биде изречена доживотна казна затвор.

Во 2008 година, ДНК анализа покажала дека Клифорд не е виновен, но му било одбиено барањето за повторно отворање на случајот.

Сепак, во 2014-та година, добил дозвола да биде сослушан и конечно бил ослободен во 2017-та.

По ослободувањето, Клифорд ја тужеше власта за прекршување на неговите човекови права и го доби спорот, заедно со сума од 12 милиони долари.

lugje-koi-bile-nepravedno-osudeni-i-pominale-nad-20-godini-vo-zatvor-za-tugji-zlostorstva-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg