Чести грешки со кои (несвесно) си ја уништувате облеката

Ја сушите шарената облека на директна сончева светлина и често носите ранец? Постојат грешки со кои несвесно ѝ го скратуваме рокот на траење на облеката - кои се тие?

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-si-ja-unishtuvate-oblekata-01.jpg

Колку и внимателно да ја чуваме облеката, постојат некои работи со кои несвесно ја уништуваме.

Дел од најчестите грешки во продолжение:

Често носите ранец

Прерамките од ранецот создаваат триење кај рамената, па ако го носите секојдневно, можно е да ја искинете облеката.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-si-ja-unishtuvate-oblekata-02.jpg

Нанесувате парфем директно на облеката

Генерално парфемите не оставаат дамки на облеката, но имаат состојки, како алкохол, кои можат да ја оштетат ткаенината.

Парфемот треба да се нанесува директно на кожата.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-si-ja-unishtuvate-oblekata-03.jpg

Не ја превртувате облеката кога ја пеглате

Некои материјали не се многу отпорни на топлина, па со честото пеглање можат да се оштетат.

Затоа, најбезбедно е секогаш да ја пеглате облеката превртена опаку.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-si-ja-unishtuvate-oblekata-04.jpg

Не ја сортирате облеката правилно кога ја перете

Покрај сортирањето по боја, треба да земете предвид и други работи кога перете.

На пример, облеката која има патенти, нитни и слично, може да ги оштети парчињата од потенок материјал.

Што значи, најдобро е овие парчиња да ги перете одвоено.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-si-ja-unishtuvate-oblekata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg