Морничаво: Мажи кои си ги убиле сопругите на медениот месец

Мишел Еското ја убил сопругата на медениот месец само за да ги земе парите од нејзиното животно осигурување. Откако бил фатен, добил доживотна казна затвор без можност за помилување.

mornichavo-mazhi-koi-si-gi-ubile-soprugite-na-medeniot-mesec-01.jpg

Убиства имало отсекогаш, но можеби најморничав е фактот што жртвите неретко настрадале од личност што ја знаат, па дури и што ја сметаат за блиска.

Не така ретка појава се и мажите кои ладнокрвно си ги убиваат сопругите.

Понекогаш тоа се случува дури и за време на медениот месец.

Пет вакви случаи од кои ќе ве полазат морници:

Сашин Мишра

Во 2011 година, Сашин Мишра од Индија ја убил неговата 25-годишна сопруга околу два месеца откако се венчале.

Тогаш 32-годишниот Индиец и сопругата Канак отишле на меден месец, а според Times of India, Сашин внимателно го испланирал убиството.

Пред бракот со Канак, Сашин бил венчан со друга жена. Но, откако се дознало дека биле во роднинска врска, неговите родители го натерале да се разведе.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-02.jpg

Сашин се преженил со Канак, но не можел да ја преболи првата сопруга. Останал во контакт со неа, а наводно ова било причина за чести караници со втората сопруга.

На медениот месец, Сашин и Канак отишле да шетаат на рид, кога повторно се скарале за првата сопруга. Тогаш Сашин почнал да ја удира сопругата со камења и, на крај, ја турнал од карпа.

Потоа отишол во полицијата и пријавил дека сопругата пливала во река и се удавила.

Полицајците не нашле никаков доказ за давењето на Канак, па почнале да го испрашуваат Сашин, а тој речиси веднаш го признал убиството.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-03.jpg

Скот Ростон

Во 1988 година, неколку дена по свадбата, Скот Ростон и новата сопруга Карен Волц отишле на крстарење.

Една вечер шетале по палубата, но се скарале, по што Скот ја задавил Карен и ја фрлил од бродот.

Веднаш оттрчал кај капетанот и го известил дека сопруга му паднала од бродот.

Капетанот се јавил во полиција, а Скот изјавил дека неговата сопруга паднала бидејќи дувал силен ветар, а тој не можел да ја спаси.

Нормално, полицијата не верувала во приказната за ветрот, па го уапсила.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-04.jpg

Телото на Карен било најдено околу 12 часа подоцна и било очигледно дека е задавена.

Три дена подоцна, Скот ја променил својата изјава со уште полуда – тврдел дека сопругата била убиена од тајни агенти од Израел. Тој имал издадено книга за прекршувањата на човековите права во Израел, па тврдел дека затоа биле мета со сопругата. Истакнал и дека знаел многу работи за оваа тема, па властите се плашеле од него.

Очекувано, никој не му поверувал, по што бил осуден за убиство и добил доживотна казна затвор, која подоцна била намалена на 33 години.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg