Светот танцува за Мајкл Џексон (видеа)

svetot-tancuva-za-michael-jackson-povekjeПрошетка низ целиот свет со флеш моб танцување посветено на Мајкл Џексон. Од Мексико па сѐ до Македонија сите се супер, ама нам омилени...


...ни се затворенците од Филипини!

Како човек кој за малку и самиот ќе завршел во затвор, Мајкл Џексон е избран од над 1.500 филипински затвореници за пренесување на нивната моќна порака.

Тие се одлучиле за Thriller поради текстот што ја отсликува затворската реалност каде лошите услови местото го прават слично на гробница.

Во нивното обраќање истакнуваат дека ниту едни казни и решетки нема да го искоренат злото од светот.

Затворениците потсетуваат дека со сегашните услови затворите се само место на одгледување морничави „зомби“ и замолуваат наместо да биде само казнен, овој систем да овозможи вистинска рехабилитација.

Нивната молба е во име на целото човештво, а танцот е уште еден начин таа да се изрази.

Снимката од нивната изведба ја погледнал и сега покојниот Џексон кој бил импресиониран од нивната идеја. Неговиот долгогодишен соработник и кореограф Тревис Пејн и уште двајца врвни танчери кои настапувале со Џексон го посетиле затворот за да им помогнат да направат уште една кореографија.

Снимката се најде и на DVD изданието „This is it“, каде се прикажани подготовките за турнејата на Мајкл Џексон, кој почина кусо пред првиот од најавените концерти.

Иако потсетува, овој одличен настап во суштина не е флеш моб. 800 танчери играат во чест на двајцата француски новинари кои цели 18 месеци беа држени како заложници во Авганистан


Канада, единствена држава каде и цајканите ѝ се придружуваат на разиграната толпа


Препознатливиот стил на Џексон на едно од многуте трибјут танцувања низ Романија


Зомби напаѓаат во Берлин...

и во Сан Диего


По само 2 часа вежбање кореографија фановите од Амстердам окупирале различни места од градот


Одличен имитатор ја предводи толпата во Будимпешта


Во Стокхолм кореографијата е совладана за само половина час!


Неколку изведби низ Хрватска (погледнете како почнува втората!)


Цели 14.000 танцуваат во Мексико


За крај македонската изведба во Веро во Скопје

Која негова песна ви е омилена?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-компилација: Како изгледаат секојдневните предмети во други држави? Во Холандија има разградливи чаши за кафе, а во јавниот превоз во Австралија има...
„Работам како стриптизер – по настап секогаш имам гребаници од обожавателки, на девојка ми не ѝ преч... „Многу чести ги завршувам настапите со гребаници. Ме фаќаат, ме гребат, како да ...
Луѓе ги споделуваат најглупавите (и најсмешните) причини зошто завршиле во болница „Си го скршив малиот прст бидејќи му покажував на брат ми како си го скршив друг...
12 чудни работи низ светот кои најверојатно никогаш нема да ги видите во Македонија Скејт парк во форма на јајце на око, мотоцикл „облечен“ во фармерки, уринали пре...
Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“? Моментално, еден од најголемите трендови се Labubu играчките кои потекнуваат од ...
Пензионерки убивале бездомници за пари од осигурување во 2000-тите: Детали за убиствата на „црните в... Кога биле во доцните 60-ти од животот, Хелен и Олга убиле бездомник и од животно...

Најчитани неделава