„Работам како стриптизер – по настап секогаш имам гребаници од обожавателки, на девојка ми не ѝ пречи“

„Многу чести ги завршувам настапите со гребаници. Ме фаќаат, ме гребат, како да нема никакви правила. Девојка ми знае дека ова ми е само професија, а и ужива во пентхаусот што го купив од заработката со стриптиз настапите“, вели стриптизерот Вил кој премногу личи на Ченинг Тејтум, па го нарекуваат „Меџик Мајк од реалноста“.

rabotam-kako-striptizer-po-nastap-sekogash-imam-grebanici-od-obozhavatelki-na-devojka-mi-ne-prechi-01.jpg

Филмовите Magic Mike со Ченинг Тејтум во главната улога можеби не добија добри оценки од филмските критичари, но факт е дека се покажаа како хит кај публиката – токму затоа беа снимени дури три продолженија.

Протагонистите во филмот се неколку стриптизери и дејството се фокусира на нивните животи.

rabotam-kako-striptizer-po-nastap-sekogash-imam-grebanici-od-obozhavatelki-na-devojka-mi-ne-prechi-03.JPG

Вил Парфит од Англија работи како стриптизер, а благодарение на неговата сличност со Ченинг Тејтум, станал познат и како „Меџик Мајк од реалноста“.

Пред само неколку години, 35-годишниот Вил работел во магацин, но благодарение на сегашната професија, вели дека е милионер кој постојано патува низ светот.

rabotam-kako-striptizer-po-nastap-sekogash-imam-grebanici-od-obozhavatelki-na-devojka-mi-ne-prechi-04.JPG

Тој има и милиони следбеници на социјалните мрежи каде што се фали со раскошот, но вели дека овој начин на живот има и лоша страна.

Вели дека доста често, кога настапува, неговата публика не се контролира како се однесува.

„Многу често ги завршувам настапите со гребаници. Ме фаќаат, ме гребат и не им е грижа. Нема никакви правила!“

rabotam-kako-striptizer-po-nastap-sekogash-imam-grebanici-od-obozhavatelki-na-devojka-mi-ne-prechi-09.JPG

Сепак, вели дека сега, откако станал малку попознат, публиката повеќе се контролира бидејќи многумина го гледаат како ѕвезда.

Вил открива дека никогаш не планирал да стане стриптизер, туку сосема случајно се нашол во оваа професија.

Негов пријател, кој работел во ноќен клуб во Австралија, на Фејсбук објавил дека му требаат келнери кои ќе работат топлес.

rabotam-kako-striptizer-po-nastap-sekogash-imam-grebanici-od-obozhavatelki-na-devojka-mi-ne-prechi.JPG

Бидејќи живеел во Австралија, далеку од семејството, решил да се пријави.

„Единствената причина зошто ја прифатив работат е бидејќи бев во Австралија. Си помислив дека сигурно нема да сретнам ниту еден член од семејството (од Анталија), па си реков вреди да пробам.

Првиот ангажман беше во мал клуб во Мелбурн, имаше неколку топлес келнери, а имаше и неколку мажи кои танцуваа на сцената. Тогаш си помислив дека од ова можеби ќе произлезе нешто големо“.

rabotam-kako-striptizer-po-nastap-sekogash-imam-grebanici-od-obozhavatelki-na-devojka-mi-ne-prechi-6.JPG

Во ноќниот клуб, со уште неколку машки стриптизети започнал своја танцувачка група, брзо почнале да се прославуваат и вели дека сега заработуваат толку добро, што имал доволно да вложи и во недвижнини.

Сепак, признава дека во прилог му бил локдаунот за време на пандемијата бидејќи тогаш почнал да се активира на ТикТок.

Кога во Австралија било забрането одењето по клубови, почнал да ги објавува неговите шоуа и на OnlyFans. Но, истакнува дека никогаш не се соблекува целосно и дека неговите шоуа се само класичен стриптиз.

rabotam-kako-striptizer-po-nastap-sekogash-imam-grebanici-od-obozhavatelki-na-devojka-mi-ne-prechi-08.JPG

Кога мерките за безбедност се олабавија, тој веќе бил интернет ѕвезда, па кога почнал повторно да настапува во живо, лесно собирал голема публика.

Потоа решил да прекине да го користи OnlyFans профилот бидејќи не сакал да го споредуваат со порно актер.

За неговите фанови, пак, вели дека најчудно е што има девојка на која не ѝ пречи неговата професија.

„Секој со многу следбеници кој ја стекнал популарноста поради својот изглед ќе се соочи со проблем кога ќе сподели дека има партнер.

Постои некаква љубомора кај фановите, но од друга страна, ги тера да мислат дека штом имам девојка, значи не сум лоша личност“.

rabotam-kako-striptizer-po-nastap-sekogash-imam-grebanici-od-obozhavatelki-na-devojka-mi-ne-prechi-07.JPG

Девојка му, која е адвокатка, има целосно разбирање за него.

„Знае дека тоа е само моја професија. Ако работите како стриптизер, ви треба партнер со поотворен ум.

На крај, таа сепак ужива во пентхаусот што го купив со мојата заработка“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg