Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пие ракија
Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит видеа каде покажува како една српска снаа живее на илјадници километри далеку од својот дом. Со лопата чисти снег, се топли на ќумбе...

Ичен Јовановиќ од Кина поради љубовта кон Немања се преселила во Шумадија и стана позната на Инстаграм во регионот, затоа што често споделува интересни моменти од нивниот живот, а особено од тоа како се навикнува на животот на Балканот.
Парот го има 2-годишниот син Вукан.

Ичен и Немања се запознале пред 6 години преку заеднички пријатели, додека Немања предавал англиски јазик во родниот град на Ичен.

Тоа била љубов на прв поглед и, и покрај сите пречки и културни разлики, нивната љубов опстанала.

Ичен во една пригода за српските медиуми изјави:
„Јас живеев во Чешка три години, така што брзо и лесно се навикнав на живот надвор од Кина со Немања.
Кога некого сакате и сакате да бидете со него, не е важно каде сте.

Тука, во Србија, сите ме прифатија убаво, така што сега ова е мојот дом. Навистина сум среќна.
Нашите семејства апсолутно нè поддржаа и тоа беше најважното.

Кога почнавме да се забавуваме, не верувавме дека сè ќе заврши вака, но верувавме еден во друг и секогаш се држевме заедно.
Многу луѓе во Србија беа во неверување за нашата врска, мислејќи дека тоа нема да успее. Но, и покрај сите предрасуди, ние успеавме“.

Ичен и Немања на Инстаграм покажуваат како живее една српска снаа илјадници километри далеку од својот дом.

Нејзиното ново видео „Како ја преживува зимата на Балканот“ стана хит, откако таа сподели дека се пази од промаја, се топли на ќумбе и пие греана ракија за циркулација.


