Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил во контејнер
Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кадифеното мече што некој го фрлил во контејнер, па го извадија од фрлената корпа и го поставија на нивниот камион. Видео кое вирално се шири, а топи срца...

На социјалните мрежи вирално се шири видео кое ја покажува емотивната страна на луѓето за време на работна должност.
На снимката се прикажани работници кои собираат отпад, кои според униформата, работат за приватна компанија од Еквадор.
Може да се забележи како додека фрлаат ѓубре во нивниот камион, од една корпа паѓа кадифено мече, препознатливото Вини Пу.

Работникот накратко се двоуми, а во консултација со колегите, сепак одлучуваат да му дадат втора шанса на ова мече, за кое некој одлучил дека веќе нема простор за него во домот.
Тие го закачија на оградата на нивниот камион, а во коментари многумина пишуваат дека оваа случка ги разнежнила.

„Можеби сум луда, но ова ме растажи“.
„Се приклучи на тимот без интервју“.
„Овие мажи ги допре слаткоста на мечето. Ми се допаѓа дека двајцата го помислија истото“.

„За момент помислив дека ќе го посвојат за да го подарат на своите деца...“
„Немојте да фрлате кадифени мечиња, исперете ги и подарете ги некому кој нема...“
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело
