Nike патики, Gucci чанти: 10 трикови како да препознаете оригинал vs. копија

Како да препознаете дали купувате оригинал Nike патики или евтина копија? По што можете да ги разликувате оригиналните Gucci чанти од копиите? Погледнете 10 трикови што ќе ви помогнат да откриете дали купувате оригинал или евтина копија...

kako-da-razlikuvate-dizajnerski-parchinja-obleka-od-evtina-kopija-01.jpg

Колкупати ви се случило да најдете брендирано парче облека, што се продава по минимална цена, па се чудите зошто е толку евтино?

Тајната е во ситните детали, а овој пат издвојуваме 10 начини како може да разликувате дали купувате оригинал или евтина копија.

Nike маици

Дали знаете дека Nike е еден од брендовите што најчесто се копираат? Затоа кога купувате производи од овој бренд обрнете внимание на логото: дали ги има соодветните пропорции како оригиналот и дали заобленоста на знакчето е идентична;

Исто така, обрнете внимание и на етикетата во внатрешноста на маичката за да видите дали има некакви (правописни) грешки во написот. Запомнете оригиналниот бренд нема да си дозволи да има правописни грешки во написот, но тоа истото не важи и за евтините копии;

Погледнете ги етикетите што се наоѓаат во долниот дел од маицата. Nike вообичаено става 2 или повеќе етикети што се сошиени заедно, додека копиите имаат само по една етикета.

kako-da-razlikuvate-dizajnerski-parchinja-obleka-od-evtina-kopija-02.jpg

Nike патики

Иако често има обиди, вистината е дека патиките Nike Air речиси никогаш не можат да бидат доследно копирани. Самите материјали и технологијата што ја користи брендот е различна од онаа со која располагаат фабриките што изработуваат копии.

Затоа кај оригиналните Nike Air патики ќе забележите дека кожата е поцврста и покрута.

Исто така, добро е да обрнете внимание и на симетријата на самите патики. Ако нешто ви делува асиметрично, тогаш дефинитивно се работи за евтина копија.

kako-da-razlikuvate-dizajnerski-parchinja-obleka-od-evtina-kopija-03.jpg

Gucci чанти

Прво што треба да обрнете внимание е на двете „G“ букви на предниот дел од чантата. Буквите треба да бидат совршено заоблени со елегантни завршетоци, без да делуваат натрупано или премногу изострено.

Ако логото ви изгледа неправилно, тогаш најверојатно станува збор за копија.

Исто така внимавајте и на рабовите на самата чанта.

Оригиналните чанти имаат еднаква шема на рабовите, па така ако некаде забележите нееднаков раб или различни бои во кожата, тоа значи дека чантата е копија.

kako-da-razlikuvate-dizajnerski-parchinja-obleka-od-evtina-kopija-04.jpg

Adidas Yeezy патики

Погледнете ја плетката на патиките: таа треба да биде настрана со нерамномерни плетки;

Кај оригиналните Adidas Yeezy патики јазикот е позаоблен, а кај копиите тој изгледа поправо;

Во внатрешноста на патиките проверете дали логото на Adidas е еднакво и на двете патики, затоа што може да се случи кај копиите двете логоа да бидат различни;

Исто така, со оглед на тоа што станува збор за плетени патики, добро би било да погледнете и во внатрешноста. Внатрешноста на оригиналот ќе изгледа еднакво и уредно, додека тоа нема да биде така кај копиите.

kako-da-razlikuvate-dizajnerski-parchinja-obleka-od-evtina-kopija-07.jpg

Hermѐs чанти

Погледнете во печатот на чантата внатре и погледнете како се испечатени буквите. Главен индикатор може да ви биде акцентот на буквата Ѐ. Кај оригиналните чанти печатот е елегантен и нема споени или премногу доближени букви.

Друг показател е и работ на рачката од чантата. Кај копиите често се случува овој раб да не изгледа елегантно и да изгледа покруто и позбиено отколку кај оригиналните чанти.

kako-da-razlikuvate-dizajnerski-parchinja-obleka-od-evtina-kopija-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...
Adidas патики, дизајнерска облека – Како да разликувате оригинали од евтини копии? Како да знаете дека часовникот што го купувате е оригинал, а не евтина копија? Н...
Како да познаете дали купувате копија или оригинал од познатите брендови? Timberland чизми, Lacoste маички и Pandora белегзии – како да познаете дали купу...
Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...
Грешки што сите ги правиме во супермаркет (и непотребно трошиме повеќе пари) Секој ден одите во продавница, наместо да испазарите за цела недела однапред и к...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg