6 работи што на пријателите потајно им пречат кај вас, според психолози

Пријателката постојано ви бара совет, а потоа носи сосема спротивна одлука. Ве остава на цедило во последен момент и секогаш има изговор, а секој разговор поминува како монолог – Кои постапки на пријателите потајно им пречат, а премолчуваат за тоа?

6-raboti-shto-na-prijatelite-potajno-im-prechat-kaj-vas-spored-psiholozi-01.jpg

Како и сите други врски, и пријателствата имаат свои падови и воздигнувања, па без разлика колку сте блиски со најдобрите пријатели, секогаш ќе има некои работи што потајно ви пречат, за кои најчесто не зборувате.

За Мetro.co.uk, психотерапевтите извдвојуваат 6 работи што нивните клиенти им откриле дека потајно им пречат кај нивните пријатели.

Кои работи треба да ги земете предвид за да не си создадете конфликти и проблеми со пријателите?

Политички ставови

Иако многумина тврдат дека не се опседнуваат со политика, сепак факт е дека спротивставените гледишта на овој план може да предизвикаат раздор меѓу пријателите.

„Политиката и моменталните случувања може да бидат проблем, особено во денешницата кога сите настани се медиумски застапени.

Потребно е пријателите да разговараат за своите различни политички ставови и мислења со цел да имаат конструктивна и здрава врска. Обидете се добро да ја сослушате страната на пријателот и да не ги омаловажувате неговите ставови во одговорот“ – вели психологот Џени Ворвик.

Нееднакво вложување

Според некои психолози, овој проблем е најчест во пријателствата и кога едната личност чувствува дека повеќе вложува од другата, тоа може да доведе до прекин на односите.

„Пријателството во кое едната личност чувствува дека вложува многу повеќе за пријателството, емотивно и со гестови, може да доведе до чувство на презир, и личноста да се чувствува како да не е доволно ценета“ – вели психологот Дона Морган.

6-raboti-shto-na-prijatelite-potajno-im-prechat-kaj-vas-spored-psiholozi-05.jpg

Недоверливост

Уште еден чест проблем што може да го наруши пријателството е чувството дека не можете да се потпрете еден на друг или дека постои извесна доза на доверливост.

„Пријателите што се познати по тоа дека во последен миг откажуваат средби, не ги одржуваат ветувањата или се непредвидливи, ја уништуваат довербата што е клучна за врската“ – вели Дона.

Таа додава дека уште еден проблем е кога еден од пријателите е сконцентриран само на себе.

„Кога едната личност постојано доминира со разговорите и се фокусира само на сопствените искуства и покажува многу малку интерес за пријателот, тоа може да доведе другата личност да се чувствува неважно и неслушнато“ – вели таа.

Начин на комуникација

Исто така е мошне важно како се одвива комуникацијата меѓу пријателите. Треба да запомните дека на вашиот пријател може да не му се допаѓа тоа што сте премногу директни и да сака посуптилен пристап, или обратно, вие да се трудите да бидете суптилни, а тој бара да му кажете директно што мислите.

„Најдобро е да имате отворен разговор за вашите различни начини на комуникација. Кажете што сакате вие и побарајте го нивното мислење.

Бидете внимателни кога зборуваат за да им покажете дека ги почитувате и запомнете дека понекогаш различниот начин на комуникација само може да го збогати вашето пријателство“ – вели Дона.

6-raboti-shto-na-prijatelite-potajno-im-prechat-kaj-vas-spored-psiholozi-04.jpg

Не ги слушате советите

Колку често се случува некоја личност да ви бара совет, а потоа да направи нешто сосема спротивно и да не ве послуша... Дали тоа ве вади од такт?

„Во ваквите случаи едниот пријател чувствува дека треба да биде постојан спасител, а другиот да се чувствува како жртва и тоа емотивно ги исцрпува и двајцата.

Оваа ситуација може да заврши со фрустрации и презир и негативно влијае врз двајцата пријатели. Личноста што постојано бара совет никогаш нема да научи да носи сама одлуки, а личноста што постојано советува може да се чувствува преоптоварено и неслушнато“ – вели психологот Абигејл Холман.

Им се менуваат вредностите

Со текот на годините луѓето созреваат и почнуваат да прифаќаат поинакви ставови и вредности, што не мора да значи дека ќе им се допадне на нивните пријатели.

„Понекогаш, кога пријателите ќе се најдат во сосема различни правци во поглед на убедувањата и моралните вредности, тоа може да создаде раздор и понекогаш може да биде ненадминлива пречка за да успеат да одржат здраво пријателство“ – вели Дона Морган.

6-raboti-shto-na-prijatelite-potajno-im-prechat-kaj-vas-spored-psiholozi-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg