Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието
Избегнувајте да го користите телефонот кога сте во друштво на други луѓе. Ако сепак мора да одговорите на повик, порака или мејл, извинете се.

Кога снимате видеа во јавност, почитувајте ги другите луѓе – ако некој не сака да го снимате, послушајте го. Потоа, немојте да користите случајни минувачи за да снимате шеги за социјалните мрежи и слично.

Ако ставите некој на спикер додека зборувате на телефон, кажете му го тоа. И, не користете спикер во јавност.

Кога купувате подарок за бебе, препорачливо е да ја чувате сметката, особено ако станува збор за облека, за родителите да можат да ја заменат доколку не е точна.

Кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаат ограничувања во храната – дали се алергични на нешто, дали постат, дали се вегетаријанци…

Кога одите на гости, не се појавувајте со празни раце – однесете барем шише вино или бонбониера.

Кога запознавате некој, немојте сами да погодувате дали е во врска, во брак или сингл. Најдобро е и да не прашувате, туку да почекате соговорникот сам да ви каже ако смета дека има потреба.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат
Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници
„Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото)
„Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака
Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности
„Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе
Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
