Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака

Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или друга социјална мрежа, соговорникот лесно може да направи „скриншот“ и да го пренесе целиот разговор на личноста што ја озборувате.

moderni-bonton-pravila-9-raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhete-preku-poraka-01.jpg

Денес комуникацијата во голема мера се одвива преку пораки. Повеќето социјални мрежи што ги користиме имаат опција за допишување, па сè повеќе луѓе го преферираат овој начин на комуницирање.

Но, иако е брзо и ефикасно, во некои ситуации не треба да пишуваме порака, туку подобро е да се јавиме или да ги споделиме вестите во живо.

Работи кои не треба да ги правите преку порака:

Раскинување

Без разлика дали станува збор за врска од месец-два или врска која траела повеќе од една година, не треба да раскинувате преку порака.

Најпрво, со ова покажувате големо непочитување, а ако е сериозна врска, навистина ќе ја повредите личноста на којашто сакате да ѝ раскинете.

Ова се вести што секогаш е подобро да ги кажете во живо.

moderni-bonton-pravila-9-raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhete-preku-poraka-02.JPG

Да откажете романтичен состанок

Без разлика дали го откажувате состанокот бидејќи ви излегла обврска или, едноставно, сте се премислиле, секогаш е подобро да се јавите.

Замислете како би се чувствувале вие кога со нетрпение чекате состанок со личноста што ви се допаѓа, а таа да „ве откачи“ во последен момент преку порака.

moderni-bonton-pravila-9-raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhete-preku-poraka-3.JPG

Да споделите лоши вести

Никогаш не е лесно да споделиме лоши вести со некого и нормално е ако помислите да го направите тоа преку порака, на начин што е поедноставен за вас.

Сепак, треба да ги имате предвид чувствата на другата личност, како и фактот дека не знаете што прави во тој момент кога ќе ја види пораката.

Затоа, кога треба да кажете лоша вест или видете се во живо, или барем јавете се.

moderni-bonton-pravila-9-raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhete-preku-poraka-04.JPG

Да испраќате доверливи и чувствителни информации

Иако профилите на социјалните мрежи се добро заштитени, секогаш е подобро да не ризикувате.

Па, избегнувајте да праќате доверливи информации, како број од платежна картичка, лични податоци и слично.

Овде спаѓаат и фотографии кои лесно можат да бидат злоупотребени, како голи фотки.

moderni-bonton-pravila-9-raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhete-preku-poraka-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg