Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака
Водење ризични разговори
Кога сакате да разговарате со некого за некој проблем, немојте да го правите тоа преку порака.
Ако, на пример, партнерот направил нешто што ве повредило, не му го кажувајте тоа преку порака, туку разговарајте во живо.
Истото важи и за вакви разговори со пријатели, членови на семејството, колеги…
Озборување
Најдобро е да се воздржувате од озборување и во живо, но никако немојте преку порака бидејќи можете да си создадете проблеми.
Од пораките е лесно да се направи „скриншот“ кој може да заврши кај личноста што сте ја озборувале и ова секако дека ќе се одрази негативно врз вас.
Исто така, кога се допишувате со некого, особено личност која не ви е многу блиска, не можете да знаете дали и некој друг ги гледа пораките.
Да се жалите за работното место
Слично како озборувањето, и овие пораки можат да бидат искористени против вас.
Сите имаат проблеми на работа, но најдобро не ги споделувајте преку порака, особено не со колеги.
Пишување безброј пораки кога некој не ви одговара веднаш
Луѓето не се должни да го проверуваат својот телефон секојпат кога ќе добијат нотификација.
Па, ако некој не ви врати на пораката, немојте да му пратите уште 20 за да му го привлечете вниманието.
Ако станува збор за нешто итно, тогаш јавете се. Во спротивно, почекајте и личноста кога-тогаш ќе ви одговори.
Да се извинувате
Ако сте направиле грешка и искрено сакате да се извинете, немојте да го правите тоа преку порака.
Извинувањето преку порака никогаш не делува лично и повеќе изгледа како да не чувствувате одговорност за постапките и само да сакате да заборавите на грешката.
Кога треба да се извинете, правете го тоа во живо.
Спирова С. | Црнобело
