6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот
Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во брза река?

Ако се најдете во опасна ситуација, тогаш ќе немате време да учите што треба да правите.
Затоа, секогаш е добро да бидете подготвени, односно да знаете како да постапите кога сте во опасност.
Дури и никогаш да не се најдете во ваква ситуација, не губите ништо ако сте подготвени.
Шест безбедносни совети што можат да ви го спасат животот:
Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна?
Доколку се најдете во ситуација предниот дел од автомобилот да ви биде на раб од бездна, важно е да останете смирени и да не правите нагли движења.
Движете се бавно и внимателно за автомобилот да не го изгуби балансот и да не падне во бездната.
Ако сте закочиле кога автомобилот излетал, не ја отуштајте кочницата бидејќи таа ги држи задните тркала во место.
Додека ја држите ногата на кочницата, полека навалете го седиштето за да ставите повеќе тежина кон задниот дел кој не е во воздух.
Во оваа положба внимателно отклучете ги сите врати и отворете ги сите прозорци – со ова си создавате повеќе излези. Потоа излизгајте се кон задниот дел од автомобилот, отворете ја вратата и излезете.
Ако во автомобилот има и други патници, треба да излезете во исто време, за да не се наруши балансот од тежината што го држи автомобилот.
Што да правите ако пропаднете ова замрзната вода?
Штом ќе паднете, веднаш пробајте да го контролирате дишењето – поради студот, може да добиете нагон да вдишувате повеќе воздух, што може да биде опасно ако главата ви заврши под вода.
Реакцијата од студот ќе помине за две-три минути и во овој период фокусирајте се само на дишењето.
Држете ја главата над водата и ослободете се од сè што ве влечи надоле, како ранец.
Испружете ги рацете на мразот пред вас, а нозете испружете ги кон назад, во положба на пливање.
Почнете да мавтате со нозете, како да пливате, а со рацете постепено влечете се по мразот кон надвор. Користете ги лактите за да се стабилизирате.
Штом ќе излезете од водата, немојте да станувате бидејќи постои ризик мразот повторно да се крши. Наместо тоа, истркалајте се што е можно подалеку од дупката и со лазење упатете се до копно или место каде што мразот е подебел.
Ако имате резервна облека, веднаш пресоблечете се за да се стоплите.
Направете и неколку движења, како скокови, за да ја подобрите циркулацијата. Но, ако се сомневате дека имате хипотермија, не претерувајте со физичката активност.
Што да правите ако се соочите со волк?
Ако се соочите со волк, немојте да почнете да бегате бидејќи тој веднаш ќе почне да ве брка и најверојатно ќе ве фати.
Избегнувајте да го гледате директно во очи и движете се бавно и полека. Ако волкот ви се приближи, важно е да направите да изгледате поголеми и погласни – кренете ги рацете и викајте гласно.
Ова можеби нема да го исплаши волкот, но ќе го збуни и ќе ви даде повеќе време.

Внимателно и бавно оддалечувајте се од волкот без да му свртите грб, но и без да го гледате во очи. Ако можете, качете се на дрво, но не го испуштајте волкот од поглед.
Доколку волкот сепак ве нападне, стуткајте се на земјата што е можно повеќе за да ги заштите стомакот, вратот и лицето.
За да се одбраните, целете кон главата на волкот со камен, прачка или што и да имате при рака – ненадејниот удар може да го одврати од намерата да продолжи со нападот.
