6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот

Како да преживеете снежна лавина?

Ако забележите лавина, почнете да се оддалечувате со трчање и оставете сè што ви тежи, како опрема за скијање, но ако носите ранец, не го оставајте бидејќи може да ви послужи како заштита за грбот.

Покријте ја устата со шал за да ја заштитите од снегот. Пробајте да се фатите за дрво или карпа за да не бидете одвлечени.

Ако лавината ве стигне, пробајте да ја држите главата над снегот, со движења како пливање.

6-bezbednosni-soveti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-08.jpg

Ако снегот сепак ве затрупа, веднаш кренете ја едната рака нагоре, над снегот, за да имате проток на воздух, но и за спасувачите екипи полесно да ве лоцираат.

Исто така, ова ќе ви помогне да се ориентирате бидејќи ако сте затрупани во снег, може да биде тешко да оцените што е горе, а што долу.

Кога лавината ќе престане, снегот веднаш ќе се стврдне, па важно е околу устата да направите доволно простор за дишење.

Потоа постепено откопајте се од снегот.

6-bezbednosni-soveti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-09.JPG

Што да правите ако се загубите во шума?

Ако се загубите во шума или природа каде нема луѓе, важно е да ги одредите приоритетите.

Најпрво треба да се стабилизирате, за да не почнете да лутате наоколу и да се изгубите уште повеќе. Внимателно размислете за ситуацијата во којашто се наоѓате и што е најдобро да правите следно.

Разгледајте го вашето опкружување и размислете дали би можеле да си го најдете патот назад.

Но, ако не можете да најдете знак од каде сте дошле, немојте да лутате на слепо бидејќи на спасувачите ќе им биде потешко да ве лоцираат, а може и уште повеќе да се изгубите.

Ако сепак мислите дека ќе си го најдете патот, тргнете во една насока и не скршнувајте лево или десно.

Доколку сепак не успеете да се снајдете, важно е да си направите засолниште и да останете на едно место.

Соберете гранки и наредете ги во форма на шатор, па покријте ги со големи листови. Иако засолништето ќе биде импровизирано, ќе ви даде некаква заштита додека да бидете лоцирани.

6-bezbednosni-soveti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-10.JPG

Што да правите ако паднете во брза река?

Ако паднете во брза река, немојте да пливате директно кон брегот бидејќи само ќе се изморите.

Наместо тоа, движете се во насока на реката, но под агол од околу 45 степени во однос на брегот.

На овој начин ќе ја искористите силата на реката за да се доближите до брегот.

Штом ќе ја избегнете брзата струја, почнете да пливате на грб кон брегот, повторно дијагонално – со ова главата ќе ви биде позаштитена.

6-bezbednosni-soveti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg