6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите)

Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја разбудат носталгијата - Имате ли идеја за оригинален празничен подарок?

6-zabavi-01.jpg

Понекогаш е навистина тешко да изберете интересен и уникатен подарок за новогодишните празници. Особено за луѓе на кои често им купувате подароци.

Што да подарите овие празници, а да им се допадне и да не фаќа прашина на некоја полица (или да го подарат веднаш на некој друг)?

Поинаков подарок

Наместо да им купите конкретен подарок на блиските, можете да им понудите поинакво искуство. На пример, организирајте вечера во ресторан или уплатете им патување.

6-idei-za-unikatni-novogodishni-podaroci-so-koi-ne-mozhete-da-zgreshite-03_copy.jpg

Работи со краток рок на траење

Многу луѓе сакаат да добиваат храна како подарок, па дури и веќе да го имаат тоа дома (или нешто слично).

Ако вашите сакани или пријатели се од овие луѓе, тогаш зошто да не им подарите рачно направени бонбони или чоколадо, сирење или кашкавал кој тешко се наоѓа, или можеби деликатес од урми со јаткасти плодови и чоколадо?

Можете да купите и некоја празнична колекција која содржи гел за туширање, лосион, млеко за тело, сапун и сето тоа во лимитирано издание кое е произведено само за празниците.

6-idei-za-unikatni-novogodishni-podaroci-so-koi-ne-mozhete-da-zgreshite-02.jpg

Ваучер за подароци

Ако знаете што сакаат блиските, кој им е омилен бренд, на пример, но не сте сигурни дека 100% ќе им го погодите вкусот, тогаш можете да им купите ваучер за подарок, па да ги оставите самите да си одберат подарок.

6-idei-za-unikatni-novogodishni-podaroci-so-koi-ne-mozhete-da-zgreshite-043.jpg

Рачно изработете им подароци

Постои голема разлика меѓу тоа дали ќе купите плетено капче за некого или ќе го сплетете самите.

Дури и да не знаете да плетете, сигурно поседувате некоја вештина што можете да ја искористите и да го покажете својот талент, па да подарите нешто што ќе биде поинакво, оригинално, и изработено само за нив.

6-idei-za-unikatni-novogodishni-podaroci-so-koi-ne-mozhete-da-zgreshite-04.jpg

Подобрена верзија на работите што веќе ги поседуваат

Кога мислите дека некој има сè, размислете што можете да му подарите, а тоа да биде подобра верзија на тоа што веќе го поседува.

На пример, можете да купите нов несесер за шминки, нов душек за јога или тегчиња за вежбање, нова пегла за коса, ракавици за возење велосипед и слично...

6-idei-za-unikatni-novogodishni-podaroci-so-koi-ne-mozhete-da-zgreshite-07.jpg

Предмети кои ќе ви го олеснат животот

Постојат работи кои не сакате да си ги купите бидејќи сметате дека се бескорисни.

Но, потоа некој ќе ви ги подари и животот ќе ви стане многу поедноставен.

Такви подароци можете да купите и за блиските: електрично ќебе, перниче за потпирање на грбот, преносна батерија за полнење на мобилниот, сет за педикир и слично.

6-idei-za-unikatni-novogodishni-podaroci-so-koi-ne-mozhete-da-zgreshite-05.jpg

Подароци кои ќе ви разбудат носталгија

Подароците не мора секогаш да се скапи, но важно е да се подарени од срце.

Затоа, за најблиските можете да направите подароци кои ќе ви ја разбудат носталгијата, на пример албум со фотографии од различни периоди од вашиот живот, фотографија во рамка или некаков сувенир со фотка.

6-idei-za-unikatni-novogodishni-podaroci-so-koi-ne-mozhete-da-zgreshite-09.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg