Стјуардеси ги откриваат петте највалкани места во авионот

Помошните масички кои се наоѓаат на седиштето честопати се користат за јадење или за оставање храна, но, како што објаснува една згрозена стјуардеса, некои родители имаат смелост и да им ги менуваат пелените на своите деца токму на ваквите масички. Кои се највалканите места во авион?

stjuardesi-gi-otkrivaat-pette-najvalkani-mesta-vo-avionot-01.jpg

Ако и вие, како и милиони луѓе ширум светот, често патувате со авион, тогаш имајте предвид дека нечистотиите и бактериите би можеле да се „кријат“ пред вашите очи.

Стјуардесите честопати зборуваат за тоа кои се највалканите места во авионот, со цел да им помогнат на патниците да се заштитат.

Во продолжение откријте на што посебно треба да обрнете внимание:

Преградите кои се наоѓаат над главата

Џозефин Ремо, стјуардеса, открива дека преградите кои се наоѓаат над главата ретко се чистат, а ги допираат многу луѓе.

Нејзина препорака е да се користи крпа за да се избрише површината на преградата пред да се отвори, а потоа да се избришат и дезинфицираат и рацете.

stjuardesi-gi-otkrivaat-pette-najvalkani-mesta-vo-avionot-02.jpg

Безбедносни упатства

„Највалканото место во авионот се безбедносните упатства кои се наоѓаат во џебот на седиштето“, вели Ремо.

Препорачливо е патниците да ги избришат упатствата и да си ги дезинфицираат рацете, а доколку се во можност, може да ги избришат и дезинфицираат и упатствата пред да ги остават повторно на своето место.

stjuardesi-gi-otkrivaat-pette-najvalkani-mesta-vo-avionot-03.jpg

Масичките кои се наоѓаат на седиштето

Ваквите масички честопати во авионот се користат за јадење или за оставање храна, но, како што објаснува една згрозена стјуардеса, некои родители имаат смелост и да им ги менуваат пелените на своите деца токму на ваквите масички.

Овие масички се бришат, но не треба целосно да се потпирате на тоа, туку да ги исчистите и дезинфицирате пред да оставите храна или што било друго.

stjuardesi-gi-otkrivaat-pette-najvalkani-mesta-vo-avionot-04.jpg

Навлаки за седишта

Секој патник седи по неколку часа во авионот на истото место. Иако луѓето може да се разболат, да повраќаат и слично, сепак навлаките за седишта не се дезинфицираат секогаш.

stjuardesi-gi-otkrivaat-pette-najvalkani-mesta-vo-avionot-05.jpg

Вратите на тоалетот

Не е изненадувачко тоа што тоалетот е жариште на бактерии, а додека внатрешноста на тоалетот во авионот се чисти, рачките на вратите поретко се дезинфицираат.

Добра идеја е патниците да користат средство за дезинфекција на рацете.

stjuardesi-gi-otkrivaat-pette-najvalkani-mesta-vo-avionot-06.jpg

Роза Санчез,која работи како хигиеничарка во авиони за Guardian изјавила дека проблемите со персоналот, временските ограничувања и недостигот на опрема, доведуваат до валкани авиони.

„Понекогаш немаме доволно резерви за чистење, па го користиме само она што го имаме или користиме само вода. Понекогаш немаме џогер, па ги користиме ќебињата кои ги оставаат патниците во авионите, за да ги исчистиме подовите“, вели Санчез.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале смртоносни авионски несреќи – 12-годишно девојче чекало 8 часа среде океан за да... Бахуа Бакари имала 12 години кога преживеала фатална авионска несреќа. Авионот с...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи прод...
Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнина... „Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg