Луѓе кои преживеале смртоносни авионски несреќи – 12-годишно девојче чекало 8 часа среде океан за да го спасат
Бахуа Бакари имала 12 години кога преживеала фатална авионска несреќа. Авионот се срушил во Индискиот Океан и таа била единствениот преживеан патник, а додека ги чекала спасувачките екипи, осум часа се држела за остатоците од авионот, за да не потоне во океанот.

На 12-ти јуни 2025 се случи една од најсмртоносните авионски несреќи во Индија во која загинаа сите патници, освен еден.
Бидејќи авионот удри во зграда, има и загинати кои не биле во авионот, а бројот на жртви надминува 270.
Како што кажуваат и експертите, вистинско чудо е што 40-годишниот патник успеал да се спаси, но и да помине со мошне лесни повреди.
Но, тој не е единствената личност која избегнала смрт во фатална авионска несреќа.
Низ годините, имало и други вакви случаи:
Зафар Масуд
Во 2020 година, Зафар Масуд летал од Лахор кон Карачи (градови во Пакистан) со цел да го прослави празникот Бајрам со своите родители.
Според сведоштвото на тогаш 50-годишниот Зафар, при слетувањето авионот почнал да се тресе, по што Пакистанецот изгубил свест. Следното нешто што го видел биле неколку спасувачи.
Во авионот имало 97 патници, а Зафар и уште една личност биле единствените преживеани.
Авионот експлодирал кога се срушил, па жртвите биле толку многу изгорени, што морале да ги идентификуваат со помош на ДНК тестови.
Зафар бил пронајден врзан за своето седиште понастрана од срушениот авион, па има изјавено дека веројатно излетал од авионот пред да настане експлозијата.
Непосредно пред несреќата, пилотите откажале еден обид за слетување, а кога сакале да се обидат вторпат, моторите откажале, па авионот се судрил во зграда.
Маилен Дијаз Алмагуер
Маилен Дијаз Алмагуер е единствената личност која ја преживеала авионската несреќа во близина на аеродромот José Martí во Хавана.
Несреќата се случи во 2018 година и загинале сите 112 лица кои биле во авионот.
По несреќата, преживеаната Маилен не се сеќавала на инцидентот, туку поминела само фрагменти.
Притоа, се стекнала и со сериозни повреди – имала повреда на ’рбетот, а истовремено ѝ ја ампутирале и левата нога под коленото.
Авионот се срушил кратко по полетувањето од аеродромот во Хавана и иако преживеале тројца патници, двајца од нив им подлегнале на повредите во болница.
