Луѓе кои преживеале смртоносни авионски несреќи – 12-годишно девојче чекало 8 часа среде океан за да го спасат

Бахиа Бакари

Бахиа Бакари имала само 12 години кога во 2008-ма преживеала страшна авионска несреќа.

Авионот се срушил во Индискиот Океан, при што загинале сите 152 патници и членови на екипажот, освен Бахиа.

Малото девојче едвај знаело да плива и немало безбедносен елек, па се држело за остатоците од срушениот авион во океанот.

Во оваа положба, главно во „црна темница“ бидејќи било ноќ, Бахиа чекала повеќе од девет часа за да биде пронајдена од спасувачките екипи.

lugje-koi-prezhiveale-smrtonosni-avionski-nesrekji-12-godishno-devojche-chekalo-8-chasa-srede-okean-za-da-go-spasat-07.JPG

Бахиа патувала со мајка ѝ, која не ја преживеала несреќата, а откако била спасена, била пренесена во болница во Париз.

Од несреќата имала скршеници на карличната и клучната коска, изгореници на колената, како и помали повреди на лицето.

За своето исксутво има издадено книга, а наводно го одбила Стивен Спилберг кој сакал да ја претвори приказната во филм.

lugje-koi-prezhiveale-smrtonosni-avionski-nesrekji-12-godishno-devojche-chekalo-8-chasa-srede-okean-za-da-go-spasat-06.JPG

Сесилија Чихан

Во 1987 година, кратко по полетувањето од аеродромот Detroit Мetropolitan во Детроит, се срушил авион во кој имало 157 лица.

Тој период, ова била втората најсмртоносна авионска несреќа во САД, а ја преживеала само Сесилија Чихан која тогаш имала четири години.

Сесилија била со своето семејството – родителите и шестгодишниот брат – и никој од нив не преживеал. Девојчето било најдено понастрана од авионот, во своето седиште.

lugje-koi-prezhiveale-smrtonosni-avionski-nesrekji-12-godishno-devojche-chekalo-8-chasa-srede-okean-za-da-go-spasat-09.JPG

Сесилија имала сериозно повреди – изгореници и скршеници на черепот, клучната коска и левата нога.

Девојчето добро закрепнало и бидејќи останало сираче, живеело со нејзините тетка и чичко.

Иако сите го знаеја нејзиното име, првпат прозборе за трагедијата дури во 2011-та, односно цели 24 години подоцна.

Прочитајте и: Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта

lugje-koi-prezhiveale-smrtonosni-avionski-nesrekji-12-godishno-devojche-chekalo-8-chasa-srede-okean-za-da-go-spasat-08_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg