Избегнувајте штипки за коса - Што треба да имате предвид кога се облекувате за долг лет со авион?

Зошто во авион не треба да носите штипки за коса, отворени чевли или комплицирани аутфити, а препорачливо е да се облечете во слоеви?

izbegnuvajte-shtipki-za-kosa-shto-treba-da-imate-predvid-koga-se-oblekuvate-za-dolg-let-so-avion-01.jpg

Долгите летови не се премногу удобни, затоа треба да внимавате што носите на себе, за да си го олесните патувањето. Удобната облека и избегнувањето метални детали и аксесоари ќе ви помогнат целото искуство да биде попријатно.

Неколку работи што треба да ги имате предвид:

Наместо со штипка, косата соберете ја со обичен стегач

Можеби штипките за коса изгледаат убаво, но замислете како ќе се чувствувате кога со часови нема да можете да ја потпрете главата на седиштето, затоа што ќе ве боцка во главата.

fca15e5141a2794bbd7f0ea341.jpg.jpg

Тесна облека

Подобро е да носите нешто што ќе ви овозможи циркулација на крвта за време на летот.

Имајте предвид дека долгите лекови носат ризик од формирање тромб во крвта, а состојбата може да се влоши ако носите тесна облека.

0c2948563b94d5d7ea59371f0b.jpg.jpg

Контактни леќи

Воздухот во авионот е поинаков од оној на земјата и влажноста е помала. Сувиот воздух може да ги иритира очите, особено ако носите контактни леќи. Од овие причини подобро е да носите очила.

19fa2959de9298370ce94c7b38.jpg.jpg

Градник со жица

За време на долгите летови подобро е да изберете меки и удобни градници. Со оглед дека со часови ќе седите во место, секако дека во еден миг ќе почне да ве иритира жицата од градникот.

0b3adf5fa98848f514d76ebddd.jpg.jpg

Високи потпетици

Имајте предвид дека во последен миг може да се случат промени па да треба да трчате за да го фатите летот. Високите потпетици само можат да ви направат проблем во вакви ситуации.

af4a55565d8f119fc0685b528e.jpg.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале смртоносни авионски несреќи – 12-годишно девојче чекало 8 часа среде океан за да... Бахуа Бакари имала 12 години кога преживеала фатална авионска несреќа. Авионот с...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg