6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни)

Бледа кожа

Трендот на многу бледа кожа го достигнал својот врв во 18-тиот век во Англија.

За да ја задржат белината на кожата, жените честопати користеле производи кои во себе содржеле олово.

Користеле црвена боја која ја ставале на усните и образите за да создадат контраст меѓу белината на кожата и „румениот сјај“.

Некои, пак, со сино мастило по рацете и телото цртале сини линии, кои претставувале „вени’.

6-chudni-standardi-za-ubavina-koi-postoele-vo-minatoto-nekoi-od-niv-ni-se-denes-smeshni-07.jpg

Руса коса

Трендот на руса коса почнал да се шири во 15-тиот век, благодарение на Франческо Петрарка и неговата муза Лаура.

Тој ја опевал нејзината убавина во своите поеми, па жените кои имале темна коса биле поттикнати и тие да почнат да ја осветлуваат косата.

Во тоа време, фарбањето  на косата траело неколку дена. На косата прво се ставал микс од неколку компоненти, па главата се прекривала со листови и така стоела два дена.

По ова, смесата се миела од главата, по што се ставал втор слој од истата смеса (овој пат без листови), па косата се миела по два дена.

6-chudni-standardi-za-ubavina-koi-postoele-vo-minatoto-nekoi-od-niv-ni-se-denes-smeshni-03.jpg

Премногу тенка половина

Првите корсети, кои ја стеснувале половината, се верува дека постоеле уште во Бронзеното доба.

Но, во Европа тие се појавиле во 15-тиот или 16-тиот век. Својот врв го доживеале во времето на владеењето на кралицата Катерина де Медичи.

Овие корсети можеле да го намалат обемот на половината дури до 33 сантиметри, но тоа имало лош ефект врз внатрешните органи, па многу жени имале сериозни здравствени проблеми, а органите им откажувале.  

6-chudni-standardi-za-ubavina-koi-postoele-vo-minatoto-nekoi-od-niv-ni-se-denes-smeshni-02.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 смешни ситуации во кои ќе се препознаат сите што барем еднаш биле во музеј или на изложба На изложбите со современа уметност не може секогаш да сте сигурни дали гледате в...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg