Британка го имитира стајлингот на ѕвездите: Со чаршав и селотејп го направи фустанот на Тејлор Свифт од Греми (видео)

Фустанот на Тејлор Свифт од Греми 2024, Анџелика Хикс го направи од чаршаф и исечоци од модни списанија, а за да стајлингот на Мајли Сајрус од насловната страница на Vogue, користеше листови од зелка... Видеата на оваа Британка ќе ве насмеат до солзи...

britanka-go-imitira-stajlingot-na-dzvezdite-so-charshav-i-selotejp-go-napravi-fustanot-na-tejlor-svift-od-gremi-2024-video-01.jpg

Британката Анџелика Хикс е илустраторка. Но, таа е позната и како девојката која објавува интересни видеа на својот Инстаграм, а каде на забавен начин, со помош на најразлични (и неспојливи) предмети, ги копира фустаните и модните комбинации на светските ѕвезди.

На нејзината листа се најдоа сите - од Кардашијанс, преку Зендеја и Дуа Липа, па сè до Селена Гомез и Тејлор Свифт со својот стајлинг на доделувањето на Греми наградите 2024.

А токму имитацијата на белиот фустан на Тејлор стана вистински хит и видеото се споделува вирално, бидејќи Анџелика успеа да го ископира само со помош на чаршаф, картон и селотејп.

Ништо помалку впечатлива не е и имитацијата на стајлингот што го носеше Зендеја на промоцијата на продолжението на филмот „Dune“ - за да го долови целиот изглед, Анџелика користеше лушпа од авокадо.

„Кога си на ручек во 12, а мораш да се појавиш на црвен тепих во 1“, стои во описот.

Анџелика ја следат преку 207.000 корисници на Инстаграм и тие не пропуштаат да ја пофалат за креативноста и да нагласат дека сето ова го прави на навистина забавен начин.

Погледнете некои од нејзините видеа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
11 бонтон правила кои, за жал, дел од мажите во Македонија не ги знаат Бонтон правило: На шведска маса почитувањето на редот е едно од основните бонтон...
8 пронајдоци од TEMU, за сите кои сакаат дома да им биде под конец Дали се нервирате кога има работи расфрлани по шанк или маса, или кога висат каб...

Најчитани неделава