Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“

Во 2018-та, пак, во интервју за Daily Mail, Мае откри дека стравувала и дека луѓето околу неа ќе дознаат за нејзиното минато.

Таа уште тогаш ги сподели и грижите за синот.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-08.jpgФред Вест во градината од семејниот дом

„Загрижена сум дека луѓето ќе откријат која сум. Се плашам и дека син им ќе дознае за неговите баба и дедо. Ќерка ми е поголема и знае и некако се справи со тоа.

Ја најде кредитната картичка на чичко ѝ, го виде презимето Вест и пребара на Гугл. Посакувам да не откриеше така.

Проблем е што сум дел од семејството Вест. Знам дека не можам да работам со деца, а морам и самата да се штитам. Бидејќи, ако нешто им се случи на моите деца, ако се повредат или што било, јас ќе бидам обвинета поради моето потекло.

Размислував да побегнам и да одам во Австралија, но не ми дозволуваат да влезам во државата поради злосторствата на моите родители“.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-06.jpgКуќата во којашто убивале Роуз и Фред

Светот дозна за грозоморните убиства на Роуз и Фред Вест во 1994 година. Тогаш полицијата упаднала во нивниот дом барајќи го телото на нивната ќерка Хедер.

Местото каде што биле пронајдени остатоците од жртвите на парот во англиските медиуми стана познато како „Куќа на хоророт“.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-03.jpgПодрумот во којшто ги чувале телата на жртвите

Роуз и Фред имале вкупно осум деца. Покрај што ја убиле ќерка им Хедер, Роуз ја убила и ќерката на Фред од неговиот прв брак.

Парот бил обвинет за 12 убиства, но најверојатно имале и повеќе жртви.

Фред ги признал злосторствата и тврдел дека не добивал помош од сопругата.

Роуз, пак, тврдела дека е невина.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-05.jpgФред Вест

И двајцата добиле доживотна казна затвор, но Фред извршил самоубиство кратко откако бил затворен.

Роуз ќе го помине животот зад решетки, без никаква можност за помилување или намалување на казната.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-04.jpgРоуз Вест

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg