Кога би имале шанса да се родите од почеток...

koga-bi-imale-sansa-da-se-rodite-od-pocetok-povekjeПостои една мудра поговорка за која не тврдиме дали е вистинита или не – ваше е дали ќе одберете да го живеете животот според неа или спротивно.


Подобро е да жалите за работите кои сте ги направиле во животот, отколку да жалите за оние кои не сте ги направиле“.

Ерма Бомбек е американска писателка која ја загуби битката со болеста.

Но, ова е нејзиното размислување:

„Кога би можела да живеам повторно...“

Би останала во кревет кога сум болна, наместо да се преправам дека Земјата ќе престане да се движи ако не сум јас присутна.

Би ја запалила црвената свеќа направена во форма на ружа пред да се стопи во шпајзот од топлото.

Помалку би зборувала и повеќе би слушала.

Би ги повикала пријателите на вечера дури и ако е тепихот исфлекан или каучот избледен.

Би јадела пуканки во дневната соба и помалку би се грижела за нечистотијата ако сакаме да го запалиме каминот.

Би одвоила време за да го ислушам дедо ми и лутањето низ неговата младост.

Никогаш не би инсистирала прозорите во автомобилот да бидат затворени сред лето само за мојата коса да остане исфризирана и уредена.

Би седела на тревата (без оглед на дамките).

Помалку би плачела и би се смеела пред телевизорот, а повеќе набљудувајќи го животот.

Никогаш не би купила нешто само затоа што е практично и затоа што има доживотна гаранција.

Наместо да сакам што побргу да поминат деветте месеци бременост, би го ценела секој момент и би сфатила дека во мене расте нешто преубаво и магично.

Кога децата би се стрчале од надвор да ме бакнат, не би им рекла: Подоцна ќе се гушкаме, сега измијте ги рацете пред ручек.“

Би користела многу повеќе „те сакам“ отколку „жал ми е“.

Кога би добила друга прилика за живот, би ја ценела секоја минута, би гледала напред без да се вртам назад.

Престанете да се потите за мали нешта.

Престанете да се грижите кој не ве сака, кој има повеќе или кој што работи.

Наместо тоа, почнете да ги цените односите кои ги имате со оние кои ве сакаат.

Размислете со што сте благословени и што правите секој ден за да се подобрите себе си умствено, физички и емоционално.

Што би промениле вие кога би имале шанса да започнете нов живот од почеток?

Би можело да ве интересира:

12 ситници од AliExpress, поевтини од 300 денари, што ќе ви се најдат низ домот Четка за чистење венецијанер ролетни, заштитна подлога за пеглање, држач за брич...
Уринирал во јавност, живеел во буре: Кој бил старогрчкиот филозоф Диоген? Во областа на античката грчка филозофија, Диоген Синопски се издвојува како една...
Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
Убил девојка, па отишол на кафе – Морничавите злосторства на Холанѓанецот кој призна вина по 18 годи... Јоран ван дер Слут од Холандија неодамна призна дека убил 18-годишна девојка, це...
8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за Барби, куклата со претесен струк и недоволна тежина Создадена во 1959 година од Рут Хендлер, Барби стана икона на поп културата и од...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg