10 очигледни особини кои ги имаат луѓето со ниска интелигенција
Не се љубопитни и немаат интерес за подлабоко да навлезат во некои теми. Се преценуваат и се прават дека знаат многу повеќе за нешто отколку што знаат. Тешко замислуваат хипотетички сценарија.

Интелигенцијата се дефинира како вродена умствена способност за учење, расудување, решавање проблеми, учење од искуства, приспособување.
Интелигентните луѓе поседуваат ментални вештини како планирање, користење на јазикот/говор, меморија и разбирање на комплексни идеи, додека пак луѓето со ниско IQ се мачат со љубопитноста, приспособливоста, флексибилно размислување и разбирање туѓи перспективи.
Иако интелигенцијата не е нешто едноставно, сепак постојат некои особини и однесувања кои според експертите, почесто се јавуваат кај луѓе со ниско IQ.
Очигледни знаци и особини кои ги имаат луѓето со ниска интелигенција:
Покажуваат многу малку љубопитност
Немаат интерес за нови нешта, како и за навлегување подлабоко во одредени теми кои веќе делумно ги разбираат.
Задоволни се со минимално познавање, без да навлезат во причини, немаат отворен ум и се држат до сопствените перспективи.

Се мачат да се приспособат на нови ситуации
Луѓето со ниско IQ потешко го доживуваат адаптирањето на нови средини, тешко им е да се навикнат на нови места и на нови улоги и немаат ментален капацитет да се снајдат во реалниот свет.
Се преценуваат за тоа колку знаат
Луѓето со ниско ниво на интелигенција, мислат дека се всушност многу паметни и се прават дека знаат многу на теми за кои всушност немаат поим.

Го гледаат светот во црно-бело
На луѓето со ниска интелигенција им е тешко да го гледаат сивиот простор помеѓу црното и белото. Гледаат само на двете екстреми како добро и лошо и не размислуваат за други можни исходи, па дури и често користат зборови како „секогаш / никогаш / неверојатно“.
Ретко се предомислуваат
Имаат недостаток на когнитивна флексибилност и способност да бидат со отворен ум, па како резултат на тоа, не толку често си го менуваат мислењето, дури и ако им бидат презентирани нови информации.

