10 очигледни особини кои ги имаат луѓето со ниска интелигенција

Се мачат со хипотетичко размислување

Луѓето со ниска интелигенција немаат способност да гледаат надвор од она за што знаат и тешко им е визуелно да си претстават нешто или да сфатат некоја ситуација која се нема случено.

Речиси целосно се фокусирани само на себе

За да го видите светот од туѓо гледиште, треба да имате практична и емоционална интелигенција, а луѓето со ниско ниво, имаат тешкотии со тоа, па затоа се претерано фокусирани на нивните сопствени искуства и потреби. Не е секогаш намерно, едноставно имаат лимитирана способност да се стават во туѓа кожа.

10-ochigledni-osobini-koi-gi-imaat-lugjeto-so-niska-inteligencija-05.jpg

Се потпираат на едноставни објаснувања

Комплексните проблеми се сведени на лесни одговори, скратени патеки или поедноставени верувања, со што избегнуваат длабоко да размислуваат.

Луѓето кои се потпираат на едноставни објаснувања сакаат да го најдат најбрзиот и најлесниот одговор на сите прашања, а дури и сериозни дискусии и проблематики, ги решаваат со фрази од типот „Такви се луѓето / Таков е животот“ и слично.

Тешкотии да научат од минати грешки и искуства

Наместо да го приспособат однесувањето по неуспех, тие често обвинуваат надворешни фактори или други луѓе за ситуациите.

Не знаат да научат од сопствените грешки, па проблемот се јавува постојано понатаму во животот, бидејќи луѓето кои умеат да научат од неуспех, се многу искрени и самосвесни, нешто што им недостига на оние со ниска интелигенција.

10-ochigledni-osobini-koi-gi-imaat-lugjeto-so-niska-inteligencija-06.jpg

Отпорни се на раст и себе-подобрување

Личниот развој на овие луѓе им се чини како непотребен. Без љубопитност или самосвесност, има многу малку мотивација за растење, учење и еволуирање. Немаат потреба од промени, учење нови работи, менување навики или проширување перспективи.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

10 особини кои ја откриваат жената што имала животни предизвици (и е вистинска лавица) Оваа жена научила дека сопствениот мир е важен. Затоа знае кога да каже „не“ и н...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години Гркот Стаматис додека живеел во САД добил дијагноза за рак на белите дробови и п...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg