Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности

Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пронајдена во Лос Анџелес без крв во телото – дел од најпознатите мистерии поврзани со славни личности од кои ќе ве полазат морници.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-001.jpg

За трагичната смрт на принцезата Дијана до денес се шират разни теории на заговор и некои луѓе сметаат дека таа е убиена од кралското семејство.

И смртта на Британи Марфи е обвиена со мистерија и досега имало секакви шпекулации за потенцијалната причина.

Но, ова не се единствените мистерии поврзани со луѓе кои биле (барем делумно) познати.

Смртни случаи, исчезнувања, но и убиства – неколку морничави мистерии кои ќе ве држат будни навечер:

Исчезнувањето на Дороти Арнолд

Во минатото, пред ерата на телевизорите, познати личности биле членовите на кралските семејства или оние кои биле екстремно богати.

Дороти Арнолд, родена во 1885-та, потекнувала од мошне богато семејство, па била доста популарна во САД.

Татко ѝ бил моќен увозник на парфеми, тетка ѝ била омажена со врховен судија, а нејзините предци биле едно од најстарите и најбогатите семејства во Америка.

Па, не е ни чудо што многумина знаеле за Дороти.

Младата девојка пораснала во Менхетн, а по завршувањето на студиите се обидела да гради кариера како писателка.

На 12-ти декември 1910-та, кога имала 25 години, Дороти отишла да си купи фустан и наводно со себе носела денешни 800 долари.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-02.jpg

Нејзин пријател ја сретнал на познатата Петта авенија во Њујорк. На пријателот му кажала дека планирала да оди и до Централ Парк, пред да си замине дома.

Пријателот е последната личност што ја видел Дороти.

Нормално, за нејзиното исчезнување се пишувало наголемо во медиумите, а детективите неуморно работеле да ја најдат.

Татко ѝ, пак, најмил и приватни детективи кои оделе во други држави во потрага по ќерка му бидејќи имало докази дека си праќала писма со некој од Италија.

По некое време, семејството почнало да добива и пораки од луѓе кои тврделе дека се Дороти и наводно барале откуп за да ја вратат.

Но, можеби најморничава е пораката која имала само една реченица – „Безбедна сум“.

Детективите ја следеле секоја трага и секој потенцијален доказ, но до денес никој не знае што се случило со Дороти.

До денес, ова е најстариот случај за исчезнато лице во САД.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-03.jpg

Исчезнувањето на Џо Пичлер

Џо Пичлер е едно од децата што се појавува во филмовите Beethoven каде што главниот лик е истоименото куче.

Потоа, во доцните 1990-ти и раните 2000-ти, Џо почна да добива улоги и во разни серии и се претвори во актер на кого сите му предвидуваа блескава иднина.

Сепак, неговите родители сметале дека од Холивуд, треба да се врати во родниот град во Вашингтон за да заврши средно.

Џо го завршил училиштето во 2003-та и планирал да се врати во Холивуд за да продолжи со кариерата.

Но, пред да успее да го реализира планот, Џо исчезнал.

Последен пат бил виден на 5-ти јануари 2006 година, од страна на пријател кој за полицијата изјавил дека Џо бил добро расположен.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-04.jpg

Четири дена подоцна, бил пронајден автомобилот на Џо, а на 16-ти јануари тој конечно бил прогласен за исчезнат.

Во изјави за медиумите, неговите родители открија дека Џо последен пат зборувал на телефон ноќта кога исчезнал.

Наводно, во автомобилот била најдена и порака во која Џо барал од семејството неговите работи да му ги подари на неговиот помлад брат.

Сепак, неговото семејство одбива да прифати дека можеби станува збор за самоубиство, а и ни надлежните не се потполни сигурни дека актерот посегнал по својот живот.

До денес не е најдено телото на Џо, ниту, пак, е откриена каква било трага за исчезнувањето.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg