6 искрени детски одговори кои ќе ве насмеат (и заслужуваат медал за досетливост)

Понекогаш децата кажуваат работи кои им се само ним логични. И тоа го прават толку едноставно и искрено, што не можете да им се налутите, дури и кога ќе ве засрамат пред некого.

6-iskreni-detski-odgovori-koi-kje-ve-nasmeat-i-zasluzhuvaat-medal-za-dosetlivost-01.jpg

Многу родители преку интернет често ги споделуваат своите искуства и приказните кои ги слушнале од своите деца, а поради кои останале без зборови.

Некои се смешни, други ќе ве натераат да се замислите...

Прочитајте ги овие искрени одговори и коментари, кои се толку забавни, што заслужуваат медал:

Додека бевме лани на летување, уживавме на плажа и во еден момент ќерка ми (4) ми кажа дека ѝ се оди во тоалет. Во близина имаше јавен тоалет. Беше чист, мирисаше убаво, имаше многу цвеќиња околу него.

Немаше ни луѓе, освен една женичка која наплатуваше за користење на тоалетот. Таа седеше малку на страна и плетеше.

Кога си одевме, ќерка ми ѝ рече: „Тебе ти е баш убаво тука, си живееш толку блиску до морето“. Не знаев како да реагирам.

Ќерка ми Сара има 6 години, а имаме и помал син. Со сопругот случајно паднавме на муабет за бебиња и во еден момент ја прашав: „Сара, сакаш да ти родам братче или сестриче?

А таа ме погледна строго, па ми вели: „Мамо, мислам дека ви е стварно доста од бебиња.“

Веќе некое време работам во градинка во која уште од моето доаѓање недостасуваа вработени. На работа сум од 6.30 во 18:30 понекогаш. Ги пречекувам децата, го минувам денот со нив, а кога ќе го испратам и последното, знам да останам уште малку за да поработам нешто во градината.

Неодамна, кога си одеше последното дете, ме праша што ќе правам откако ќе го земат родителите.

Ќе си одам дома“, му одговорив, а тој зачудено ме погледна.

Имаш куќа? Јас мислев дека ти си живееш тука цело време“.

По ова сфатив дека е време да се вработам во некоја друга градинка, каде што нема да бидам по цели денови на работа.

6-iskreni-detski-odgovori-koi-kje-ve-nasmeat-i-zasluzhuvaat-medal-za-dosetlivost-02_copy.jpg

Мојот 6-годишен син го остави без зборови Дедо Мраз кога дојде да земе пакетче кај мене на работа.

Дедо Мраз го праша што сака да му подари, но наместо нормален подарок почна да реди желби од типот: „Сакам да плукам оган како змеј, да ја контролирам водата, да станам диносаурус... А може ли да се претворам во волк? Или да ми донесеш вистински волк наместо кучето што го чуваме дома?

Многу се разочара кога Дедо Мраз му кажа дека не може да добие ништо од ова.

На син ми цел живот му кажувам дека јас сум принцеза, татко му е принц, а тој е нашето богатство.

Еден ден излегов од бањата и на лицето имав зелена маска од глина.

Кога ме виде почна да вика: „Татооооо, дојди да ја бациш мама, од принцеза почнала да се претвора во жаба“.

Понекогаш им измислувам песнички на децата за да ги забавувам и да не ги пееме цело време истите песни.

Па, пред некој ден им запеав: „Ква ква ква, јас сум кокошка“.

Син ми ме погледна и ми вели: „Да, мамо, знам“. Уште се смеам.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 искрени и моќни пораки кои ќе ви ја зголемат самодовербата Никогаш нема да се излечите и да бидете добри ако не престанете да се залажувате...
Маките кои им се добро познати на сите девојки и жени, низ искрени илустрации Изразеното стомаче кога седнуваме додека носиме фармерки со висок струк и црвени...
„И на твоја глава“, „Дојди да те запознам со тетките“ - Што најмногу ги нервира Македонците на свадб... Многу луѓе да можат би ги избегнале и свадбите и детските родендени - поздравува...
Идеи за едноставни детски костими за Halloween (фото) Пчелка, дух, вештерка – едноставни детски костими за Ноќта на вештерките кои со ...
Девојка преку свои искрени фотки покажува зошто не верува во Инстаграм совршенството Фалтичките на стомакот и грбот, задникот кој не е совршено затегнат... Девојка о...
Шеговити илустрации како изгледа вљубувањето и љубовта во модерно време Тој е фино, но осамено момче, а таа е зафатена жена што нема време за љубов... В...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg