Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Домашен чоколаден ликер

domasen-cokoladen-liker-povekjeЉубителите на чоколадо го сакаат ова слатко задоволство во сите форми и видови. Затоа сме сигурни дека ќе ве израдуваат неколку рецепти за домашен...

...чоколаден ликер со кој може да наздравите уште денес.

Покрај тоа што е вкусен пијалок, домашниот ликер може да биде и одличен подарок за секоја прилика - само ставете го во интересно шише и врзете машничка :)

domasen-cokoladen-liker-1

1. Потребно:

  • 1,5 l млеко (ако не сакате да биде толку густо, слободно додадете уште млеко)
  • 500 g шеќер
  • 500 ml рум
  • 2 пудинга од чоколадо (за малку поинаков вкус ставете пудинг од ванила или лешник)
  • 100 g горко какао
  • 1 ванилин шеќер

Пудингот и какаото добро разматете ги во 300ml млеко за да не се прават грутки.
Варете го останатото млеко.
Кога ќе почне да врие додајте шеќер, ванилин шеќер, па потоа и смесата од пудинг и какао. Мешајте 2-3 минути да не се прават грутки.
Во врелата смеса додајте рум, промешајте и оставете да се лади.

domasen-cokoladen-liker-2

2. Потребно:

  • Половина литар млеко
  • Половина килограм шеќер
  • 200 грама чоколадо во прав
  • 2 големи лажици какао
  • 400 ml рум

Во млекото се додаваат шеќер, чоколадо и какао и се вари да се стопи шеќерот.
Се остава да се лади.
Се додава рум и се меша.
Добро се лади.

domasen-cokoladen-liker-4

3. Потребно:

  • 1 kg шеќер
  • 200 g чоколадо во прав
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • половина литар рум
  • сок од 1 лимон

Во длабок сад се мешаат шеќер, ванилин шеќер и чоколадо во прав, па се додава млеко.
Се вари на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе зоврие се вари уште околу 3 минути.
Се остава да се олади со повремено мешање, а потоа се додава рум и исцеден лимон.

domasen-cokoladen-liker-5

4. Потребно:

  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 300 ml вода
  • 400 грама шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 200 - 250 ml вотка (или чист алкохол)

На пареа топете го чоколадото со 100ml вода.
Додајте шеќер, добро промешајте и оставете шеќерот да се стопи на тивок оган.
Додајте уште 200ml вода и варете уште неколку минути. Додајте ја ванилата и промешајте.
Додајте го алкохолот и промешајте уште еднаш.

Во рецептите со рум, румот може да се замени со ракија.

Сите ликери се оставаат малку да се оладат, па може веднаш да се служат или да се чуваат во стаклени шишиња.

Ликерот чувајте ги во фрижидер и пред секое послужување протресете го шишето. Иако содржат млеко имаат рок на траење од неколку месеци (ако издржите да не ги испиете веднаш :) )

По желба може да составите свој рецепт како комбинација од понудените, а горкото какаото по вкус може да го замените со детско какао од Краш, Несквик и слично.

Уживајте!

Би можело да ве интересира:

Еден од најсуровите сериски убијци на светот - убил повеќе од 300 девојчиња, добил ниска затворска к... Овој случај е еден од најстрашните и најмистериозните во светот на сериските уби...
Била слепа и глува, завршила факултет и станала писателка и активистка: Животот на Хелен Келер Иако ги загубила слухот и видот пред да наполни две години, Хелен Келер не само ...
6 луѓе кои ќе беа шампиони ако мрзеливоста беше спорт „Сопругот секогаш ги остава валканите чорапи кај ќе стигне, а кога ќе се исперат...
5-те најскапи училишта во светот – над 100.000 евра за една година Знаевте ли дека петте најскапи училишта за основци и средношколци се наоѓаат во ...
Луѓе откриваат зошто нагло се здебелиле – и не е само поради лоша исхрана „Кога ми се појавија проблемите со тироидната жлезда, се здебелив 13 килограми з...
Иритантни правила на однесување кои жените ги трпеле со години, но веќе се заборавени Жените не смееле да имаат долги нокти, од нив не се очекувало да работат ниту да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg