6 луѓе кои ќе беа шампиони ако мрзеливоста беше спорт

„Сопругот секогаш ги остава валканите чорапи кај ќе стигне, а кога ќе се исперат, остава јас да ги соберам. Еден ден почнав да ги оставам на куп, но ја потценив неговата мрзеливост. Тој сега од купот чорапи бара два со слична боја и си ги облекува без да се замара“.

6-lugje-koi-kje-bea-shampioni-ako-mrzelivosta-beshe-sport-01.jpg

Некои луѓе се во состојба да раскреваат и да чистат по цел ден, за домот да им е „под конец“.

Но, има и такви кои ја усовршиле „уметноста на излежувањето“ и едноставно, си уживаат во животот, без да се опседнуваат со чистотата во домот.

Неколку корисници на Редит споделија свои приказни за луѓе што се толку мрзеливи, што велат дека треба да добијат „медал за мрзеливост“:

Мрза број 1

„Мојата девојка е мрзлива и не сака да мие садови. Научив да јадам од чинии за една употреба и да ги фрлам.

Но, пред некој ден се шокирав кога ја видов како мие пластична чинија. А тоа го направи само затоа што ја мрзело да отиде до продавница и да купи нови, бидејќи сме ги искористиле сите што ги имавме дома“.

Мрза број 2

„Со синовите секојдневно се карам, зашто не си ги мијат чиниите откако ќе се најадат.

Но, последниве десетина дена, чиниите се чисти.

Прво мислев дека моите деца не јадат, но гледам дека јадењата што ги оставам во фрижидерот се изедени.

Вчера си дојдов дома порано и видов како постариот син ја става чинијата во кеса, потоа ја префрла храната внатре и почнува да јаде.

Ми призна дека му е полесно да ја фрли кесата отколку да мие чинии“.

Мрза број 3

„Сфатете ме како сакате, ама нема ништо понапорно од тоа да треба да лупам компири.

Ме мрзи да ги мијам, лупам, мијам откако ќе ги излупам, па да ги исечкам. Не постои ништо поздодевно.

А обожавам да јадам помфрит. Затоа купувам смрзнат помфрит и го пржам“.

6-lugje-koi-kje-bea-shampioni-ako-mrzelivosta-beshe-sport-02.jpg

Мрза број 4

„Ме нервира сопругот затоа што секогаш ги остава валканите чорапи кај ќе стигне, а кога ќе се исперат и исушат не си ги спојува, туку остава јас да го направам тоа.

Решив дека не треба да му бидам слугинка, па почнав да ги оставам на куп. Само, ја потценив неговата мрзеливост.

Тој сега од купот чорапи бара два со слична боја/шара и вели: ‘Исто како да сте пар’ и ги облекува без да се замара“.

Мрза број 5

„Срам ми е да кажам, ама јас сум голема мрза. На штицата за пеглање секогаш има купишта облека, садовите никогаш не ми се измиени, генерално, сè е расфрлено.

Но, кога ми се најавуваат гости, успевам да расчистам сè со брзина на светлината.

Пред неколку дена, дечко ми дојде ненајавен - кратко сме заедно па се трудам да е барем малку средено пред да стигне кај мене.

Кога ја отворив вратата, а тој го виде хаосот, само рече: ‘Совршено си одговараме - две мрзи за чистење’“.

Мрза број 6

„За да сфатите колку сум мрзелив, доволно е да го знаете следново - имам лаптоп на работната маса, еден во спалната соба за да гледам серии и филмови пред спиење, и мал таблет на трпезариската маса за да гледам видеа додека јадам“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg