Елитата во Холивуд пие крв, Џастин Бибер е рептил – Најлудите теории на заговор за славните

Некои луѓе веруваат дека повеќето светски ѕвезди се клонови направени во лабораторија, додека вистинските личности се мртви. Која е најлудата теорија на заговор за славните што сте ја слушнале?

elitata-vo-holivud-pie-krv-dzhastin-biber-e-reptil-najludite-teorii-na-zagovor-za-slavnite-01.jpg

Неколкупати во поновата историја се случило некоја теорија на заговор да се покаже како вистинита.

Но, факт е дека мнозинството теории на заговор се премногу луди и тешко дека се вистинити.

Сепак, ова не значи дека нема луѓе кои не веруваат во нив.

Дел од најлудите теории на заговор за познатите личности:

Кардашијанс се проколнати

Иако се најпознатото и едно од најбогатите семејства во светот, некои луѓе мислат дека кланот Кардашијан-Џенер е проколнат.

Односно, секој кој ќе стане дел од нивното семејство, го следи несреќа.

И, има навистина забавни примери кои ќе ве натераат барем за миг да поверувате во оваа теорија на заговор.

Бившиот на Кортни Кардашијан, Скот Дисик, имаше проблеми со зависност откако ги изгуби двајцата родители.

elitata-vo-holivud-pie-krv-dzhastin-biber-e-reptil-najludite-teorii-na-zagovor-za-slavnite-02.jpg

Ламар Одом, пак, поранешниот сопруг на Клои, речиси се предозира во 2015-та.

Кариерата на поранешниот сопруг на Ким, Крис Хамфрис, почна да оди во надолна линија по нивниот развод.

А, бившиот на Кајли Џенер, Тајга, се соочи со сериозни финансиски проблеми по врската со младата богаташка.

Овде е и Канје Вест чии скандали уште ги полнат насловните страници на медиумите.

elitata-vo-holivud-pie-krv-dzhastin-biber-e-reptil-najludite-teorii-na-zagovor-za-slavnite-03.jpg

Многу славни личности се клонови

Ова е дефинитивно една од полудите теории на заговор.

Наводно, некои луѓе веруваат дека сите познати личности се клонови направени во лабораторија.

Интересно и важно да се напомене е дека оваа приказна прво се појави во сатиричен медиум (The Onion) и беше напишана како шега, но успеала да натера некои луѓе да поверуваат.

elitata-vo-holivud-pie-krv-dzhastin-biber-e-reptil-najludite-teorii-na-zagovor-za-slavnite-04.jpg

Оние кои веруваат во заговорот велат дека клонираните славни личности всушност повеќее не се живи.

На пример, Бијонсе била клонирана од илуминатите бидејќи умрела во 2000 година. Аврил Лавињ, пак, извршила самоубиство по смртта на дедо ѝ, па била заменета со клон.

Наводно, доказ дека некоја личност е клонирана е нејзиното однесување во јавност, како нервниот слом на Бритни и исплазениот јазик на Мајли Сајрус.

elitata-vo-holivud-pie-krv-dzhastin-biber-e-reptil-najludite-teorii-na-zagovor-za-slavnite-05.jpg

Тејлор Свифт е клонирана сатанистичка свештеничка

Повторно заговор поврзан со клонирање, но овој пат е вклучена и таканаречената сатанистичка црква.

Имено, Тејлор Свифт навистина премногу личи на Зина Шрик – ќерката на Антон Лавеј кој ја основал сатанистичката црква.

elitata-vo-holivud-pie-krv-dzhastin-biber-e-reptil-najludite-teorii-na-zagovor-za-slavnite-06.jpg

Па, оваа сличност во изгледот била доволна за да натера некои луѓе да веруваат дека пејачката е клон на Зина.

Истовремено, тие тврдат дека во своите музички спотови и настапите, Тејлор редовно покажува сатанистички симболи.

elitata-vo-holivud-pie-krv-dzhastin-biber-e-reptil-najludite-teorii-na-zagovor-za-slavnite-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Пијат човечка крв, си прават вампирски заби: Бизарно друштво на луѓе кои веруваат дека се вампири Во Австралија постои таканареченото „друштво на вистински вампири“ кои пиеле чов...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg