8 глупави светски рекорди (кои никој не сака да ги сруши)

Најмногу поднесени тужби против фирми и луѓе и најбрзо пишување на тастатура со нос – кој е најглупавиот Гинисов рекорд за којшто сте слушнале?

8-glupavi-svetski-rekordi-koi-nikoj-ne-saka-da-gi-srushi-01.jpg

Кога помислуваме на светски рекорди, обично помислуваме на работи како најстара личност или најдолга брада.

Но, во обемната Гинисова книга на рекорди можете дa најдете многу бизарни, но и многу глупави рекорди.

Оние бизарните се рекорди кои малку луѓе би пробале да ги срушат.

Глупавите, од друга страна, се рекорди кои се потполно бесмислени и нè тераат да се чудиме како некој воопшто се сетил на нив.

Во продолжение, дел од најглупавите рекорди:

Најмногу лубеници пресечени врз стомак

Штом името на рекордот мора да биде толку описно, јасно е дека станува збор за нешто глупаво.

Рекордот го држат Суреш П. и Прабакар Реди од Индија.

Едниот од нив лежел на грб и врз неговиот стомак стоеле лубеници кои другиот ги сечел со мачета.

Зa една минута, тие исекле 64 лубеници.

8-glupavi-svetski-rekordi-koi-nikoj-ne-saka-da-gi-srushi-02.jpg

Најмногу капаци од тоалетни школки скршени со глава

Во септември 2007 година, Американецот Кевин Шели го срушил овој рекорд.

Тој скршил 46 капаци од тоалетни школки со неговата глава во период од една минута.

8-glupavi-svetski-rekordi-koi-nikoj-ne-saka-da-gi-srushi-03.jpg

Најмногу поднесени тужби

Овој рекорд малку се разликува од претходните два, но сепак звучи глупаво.

Џонатан Ли Ричардс е мажот кој во текот на животот има поднесено над 4.000 тужби против компании и луѓе.

Тој има поднесено тужби против луѓе како Бил Гејтс и папата Бенедикт.

А, можеби најсмешно во целата ситуација е што во 2009-та, кога од Гинис го известиле дека го срушил рекордот, пробал да ги тужи и нив.

8-glupavi-svetski-rekordi-koi-nikoj-ne-saka-da-gi-srushi-04.jpg

Најмногу помирисани стапала и пазуви

Од сите рекорди на листава, овој е можеби најодвратниот, но интересен е начинот на којшто е соборен.

Компаниите за продукти како антиперспиранти треба да имаат тестери.

Меделин Алберт од САД работела како тестер на продукти за стапалата и пазуви.

Па, во нејзината 15-годишна кариера, помирисала околу 5.600 стапала и можеби исто толку пазуви.

8-glupavi-svetski-rekordi-koi-nikoj-ne-saka-da-gi-srushi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете „Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната фин...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та? Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
Луѓе кои како да „процветаа“ по 40-тата година, па изгледаат многу подобро отколку во младоста „Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чув...
11 бонтон правила кои, за жал, дел од мажите во Македонија не ги знаат Бонтон правило: На шведска маса почитувањето на редот е едно од основните бонтон...
Најчитани интервјуа на CRNOBELO во 2025: Љубовни приказни, успешни Македонци во странство, животни б... Меѓу патувачките и животните приказни на Македонците, од кои дел се јавни личнос...
Со години не видел сонце, минува 23 часа во ќелија: Каков е животот на Ел Чапо во затвор, по филмско... Озлогласениот наркобос Ел Чапо се наоѓа во затвор со максимално обезбедување, це...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg