Луѓе кои како да „процветаа“ по 40-тата година, па изгледаат многу подобро отколку во младоста
„Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чувствувам подобро отколку во моите 20-ти години“.

Одамна во светот како да постои верување дека животот по 40-тата година „завршува“ - треба да престанеме да се забавуваме, да сме сериозни, посветени на децата и кариерата, да не се дотеруваме...
Но, времињата се менуваат, па кризата на средните години за многу луѓе не е причина да почнат да пропаѓаат, туку повик за будење, дека животот треба да се живее до последен здив, а тоа што сме ја преминале границата од фамозната 40-ка, не значи дека треба да се запуштиме. Баш, напротив.
Луѓе преку социјалните мрежи споделуваат фотки од својата трансформација и споредба за тоа како изгледале во своите 20-ти и 30-ти години и откако стигнале на прагот на 40-тата или ја надминале.
Ова се нивните кратки „приказни“:
„Од 35 на 45“

„29 vs. 39, а во меѓувреме ослабев, си ги средив забите и се разведов“

„Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чувствувам подобро отколку во моите 20-ти години“

„На фотката лево имам 25 години, на десната - 40. Значи, вака изгледа ‘стареењето’, ха, ха“

„Пред 40-тиот роденден решив да го сменам животот од корен. Почнав да пешачам повеќе, да се хранам здраво и резултатите се видливи“

„10 години трансформација - решив да успеам и дека нема да се откажам. Нормално, ова ми влијаеше многу добро и на менталното и на физичкото здравје“

„Бев многу чудна тинејџерка. На 20 години ја загубив самодовербата, а на 42 сум силна и задоволна од животот и од себе“

„Јас на 48 и на 51 година, откако се разболев тешко и ослабнав драстично. Но, по третманот се чувствувам одлично, дури и почнав да вежбам“

„За неколку дена ќе полнам 45 години, а роденденот ќе го дочекам во кроп-топ. Никогаш не сум била волку задоволна од себе“

„По разводот почнав да вежбам и си најдов работа кај што морам да пешачам или возам велосипед секој ден. На првата фотка имам 36 години, на втората 41“

„Можеби сум постара, но физички и психички сум поздрава од кога било“

„Благодарен сум што во светот постојат вежби, терапии и развод“

А. Ј. | Црнобело
