„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме

Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обилно јадење, секогаш има место и за баклава или домашна пита со јаболка.

3-naviki-koi-gi-imaat-site-lugje-od-prostorite-na-poraneshna-jugoslavija-a-poradi-koi-se-debeleeme-01.jpg

Додека Италијанците јадат малку, бавно и со уживање, на просторите на поранешна Југославија се јаде како утре да не постои.

На овие простори сите сакаме да јадеме и ја користиме секоја можност за тоа - кога сме на гости, кога сме во кафана, кога сме на роденден или на свадба...

Реткост е да отидеме некаде на гости и да не добиеме барем нешто за мезе, а потоа истото да премине во ручек или вечера.

3-naviki-koi-gi-imaat-site-lugje-od-prostorite-na-poraneshna-jugoslavija-a-poradi-koi-se-debeleeme-05.jpg

Па, кои се навиките за јадење на Балканот поради кои имаме проблеми со вишокот килограми?

Со кафе задолжително се јаде нешто благо

Локум, коцка шеќер, парче торта, сладолед - што било. Каде и да одите на гости заедно со кафето ќе ви послужат благо и грицки.

Тоа е прво правило за добро гостопримство.

3-naviki-koi-gi-imaat-site-lugje-od-prostorite-na-poraneshna-jugoslavija-a-poradi-koi-se-debeleeme-02.jpg

Леб се јаде со секој оброк

На прво место е супата, потоа следуваат главното јадење и задолжителната салата.

Лебот е составен дел од секој оброк, дури и во оние оброци кои содржат месо, риба, компири и ориз.

Иако после супата се чувствувате сито, морате да го изедете целото јадење, па макар експлодирале.

3-naviki-koi-gi-imaat-site-lugje-od-prostorite-na-poraneshna-jugoslavija-a-poradi-koi-se-debeleeme-03.jpg

Ниту една прослава не може да се замисли без свинско или јагнешко

Да се приготви јагнешко или свинско, не е потребна голема причина за славење - доволно е целото семејство да се собере на едно место.

А, ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по член од семејството.

По вака обилно јадење, секогаш има место и за баклава или домашна пита со јаболка.

На крајот секогаш се зборува за тоа дека нашиот метаболизам повеќе не работи исто како порано и дека се дебелееме и од вода, но никој не споменува дека тој ден никој не се ни напил вода.

3-naviki-koi-gi-imaat-site-lugje-od-prostorite-na-poraneshna-jugoslavija-a-poradi-koi-se-debeleeme-04.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg