8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врска со спортот)

Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот на освоени медали) или можеби најбрзиот човек на светот, Ноа Лајлс, заработија најмногу на Олимпијадата, одговорот, сепак може да ве изненади...

7-zaprosuvanja-adel-prekina-koncert-za-da-gleda-trka-interesni-fakti-za-loi-vo-pariz-koi-nemaat-vrska-so-sportot-01.jpg

Вечерва во Париз ќе бидат свечено затворени 33-те Летни олимписки игри.

Најголемиот спортски настан оваа година (кој почна на 26 јули), донесе многу возбуда, срушени олимписки (но и светски) рекорди, контроверзни настапи и судиски одлуки, но и солзи, и на губитниците и на освојувачите на медали.

Сепак, Олимпијадата понуди многу повеќе од само спорт.

Ова се неколку интересни факти за ОИ во Париз 2024, а кои, немаат врска со спортските резултати.

Спортистите спијат на картонски кревети (или на трева)

Картонските кревети во олимпиското село и оваа година беа вистински хит меѓу спортистите.

Иако организаторите ги користат за спортистите да немаат секс, многу од нив снимија видеа во кои ја тестираа издржливоста на креветите, а снимките станаа вирални.

Оние на кои креветите не им беа удобни, спиеја на трева - конкретно, станува збор пливачот Томас Чекон од Италија, кој освои злато на 100m, a кого го сликаа како спие покрај клупа во парк, легнат на трева.

Кој заработи најмногу на Олимпијадата?

Иако на прва ќе си речете дека тоа е Новак Ѓоковиќ или Симон Бајлс (поради бројот на освоените медали), или можеби најбрзиот човек на светот Ноа Лајлс, сепак одговорот е - Снуп Дог.

Американскиот музичар го носеше олимпискиот факел во Париз, и иако многумина се прашуваа што бара таму, се испостави дека тој ќе е заштитно лице на ЛОИ во Лос Анџелес 2028, поради што му плаќаат околу 500.000 долари дневно, само за да биде на Игрите во Париз.

Снуп Дог толку сериозно си ја сфати работата, што секојдневно е на некој спортски настан и секогаш е облечен соодветно за спортот што го следи - на пример како џокеј кога следеше коњички натпревари.

Новак Ѓоковиќ ќе добие музеј во Србија по освојувањето на олимпиското злато

Поради неодамнешната повреда на коленото, и двете загубени финалиња од 21-годишниот Карлос Алкараз од Шпанија, никој не очекуваше дека 37-годишниот Ноле ќе стигне до финалето.

Уште помалку имаше такви кои беа убедени дека првпат во кариерата ќе го освои олимпиското злато - единственото што досега го немаше во својата колекција.

По ова, претседателот Александар Вучиќ најави дека Новак ќе добие свој музеј во Србија.

Колку години има најмладиот, а колку најстариот спортист?

Меѓу рекордите кои се срушија на оваа Олимпијада е и старосната граница на спортистите.

Па, така, најмладиот спортист на Олимпијадата е Кинезинка Женг Хаохао, која се натпреваруваше во скејтборд на 11 години и 11 месеци.

Таа е родена на 11 август 2012 година, што значи дека денес полни 12 години.

Најстар спортист, пак, е шпанскиот џокеј Антони Хименез Кобо, кој има 65 години (и може да ѝ биде дедо).

Сребрен медал за скок во вода, но злато за плетење џемпери

Британецот Том Дејли, кој освои злато во синхронизирано скокање во базен, е миленик на спортските фанови од цел свет, кои го обожаваат поради тоа што додека ги следи спортските натпревари, седи на трибините и плете.

Ова се случува со години, а Том овој пат си сплете џемпер во сина боја, со бели и црвени детали. На џемперот ја има Ајфеловата кула, но и неговото име.

Адел го прекина концертот за да гледа олимписка трка

Светската ѕвезда имаше концерт во Минхен на 3 август, а во исто време се одржуваше трката на 100m за жени.

Пејачката го прекина концертот и на голем бим зад неа, заедно со сите присутни ја изгледа трката, а потоа продолжи да пее.

@womanlikeadele

She really said we are not missing this, and I like her for it😭💅🏽💅🏽💅🏽 3rd August,2024 #Olympics #2024Olympics #adelelive #adeleinmunich #adele #adeleaccess #adeleadkins #germany🇩🇪 #munich #explorepage✨ #concert #Adeleworld #adelerollinginthedeep #adelesetfiretotherain

♬ original sound - To be loved

Романтични запросувања меѓу спортистите

Француската атлетичарка Алис Фино, го побара за сопруг своето момче, шпанскиот триатлонец Бруно Мартинез Баргиела, само што ја заврши трката на 3.000m.

Ова е едно од осумте запросувања на Олимпијадата.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава