Однесувања кои покажуваат дека некој не е паметен колку што мисли дека е

„Наместо да истакнат некоја поента во дебата, почнуваат да те навредуваат“.

odnesuvanja-koi-pokazhuvaat-deka-nekoj-ne-e-pameten-kolku-shto-misli-deka-e-01.jpg

Обично луѓето не се опседнати со интелигенција, но постојат и оние кои сакаат да им докажат на сите дека се многу паметни, па и попаметни од сите.

Проблемот е кога овие луѓе стануваат нападни со нивното „знаење“ и со однесувањето всушност покажуваат дека и не се толку паметни колку што мислат.

На Редит, неколку корисници споделуваат кое однесување, според нив, е знак дека некој е далеку помалку паметен отколку што пробува да се претстави.

Дел од нивните изјави:

„Користат комплексни зборови на кои не им го сфаќаат значењето“.

„Честопати грешат, но никогаш не се сомневаат во себе“.

„Наместо да истакнат некоја поента во дебата, почнуваат да те навредуваат“.

odnesuvanja-koi-pokazhuvaat-deka-nekoj-ne-e-pameten-kolku-shto-misli-deka-e-02_copy.JPG

„Не учат од своите грешки. Има и интересна кинеска поговорка за ова – паметните луѓе учат од своите грешки, но мудрите луѓе учат од туѓите. Кога станува збор за идиоти, за жал, тие не учат од ничии грешки“.

„Не прават разлика помеѓу факт и мислење“.

„Мислат дека знаат сè. Досега сум забележал дека паметните луѓе секогаш признаваат кога не знаат нешто“.

odnesuvanja-koi-pokazhuvaat-deka-nekoj-ne-e-pameten-kolku-shto-misli-deka-e-03.JPG

„Мразат луѓе кои не размислуваат или не се однесуваат како нив. Луѓето со ниска интелигенција настојуваат да го презираат она што не го разбираат или она што не се совпаѓа со нивниот поглед на светот“.

„Им се смеат на оние кои поставуваат прашања. Интелектуалната понизност е единствениот начин на кој учиме нови работи“.

„Имаат силни ставови за области за кои не ја разбираат ни основата“.

odnesuvanja-koi-pokazhuvaat-deka-nekoj-ne-e-pameten-kolku-shto-misli-deka-e-04.JPG

„Се фалат дека освоиле 450 поени на онлајн IQ тест“.

„Не пробуваат сами да решат проблем пред да побараат помош и не сакаат да учат нови работи“.

„Мислат дека ако зборуваат погласно, тогаш се во право“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg