Популарни дестинации и атракции кои наскоро може да исчезнат (поради нашата несовесност)

Поради климатските промени, Малдивите веројатно ќе бидат под вода до 2050-та. Таџ Махал, пак, можно е да се сруши поради ерозијата предизвикана од загадувањето во Индија…

popularni-destinacii-i-atrakcii-koi-naskoro-mozhe-da-ischeznat-poradi-nashata-nesovesnost-01.jpg

Пoради изложеноста на временските услови, но повеќе поради нашето несовесно однесување, многу атракции и дестинации на Земјата постои ризик да исчезнат.

Зголемувањето на нивото на водата, загадувањето и екстремните временски услови можат да значат крај за зданија кои стоеле и по неколку илјади години.

Дел од дестинациите и атракциите кои наскоро веројатно ќе ги немаме:

Големиот кинески ѕид

Се претпоставува дека Големиот кинески ѕид е изграден пред 2.000 години и досега релативно успешно им пркоси на временските услови.

Научниците велат дека ѕидот издржал толку долго бидејќи има природна заштита од мовта и лишаите кои растат на него.

Но, постојаната изложеност на дожд, сонце и секакви временски услови, сепак придонесува за неговата ерозија.

Ова значи дека со секој изминат ден, неговата структура слабее и кога-тогаш најверојатно ќе се руши.

Мртвото Море

Мртвото Море лоцирано помеѓу Израел и Јордан е уникатна формација.

Покрај тоа што има многу висока количина на сол, морето се наоѓа и на многу ниска точка – околу 400 метри под морското ниво.

Но, поради екстремните временски услови во неговата област, морето постепено испарува.

Се проценува дека неговото ниво се намалува за околу еден метар годишно.

Антарктик

Влијанието од климатските промени веќе го чувствуваме и ние, но е можеби најочигледно на Антарктикот каде што владее „вечниот мраз“.

Зголемените температури постепено го топат мразот на континентот што претставува закана за тамошниот жив свет, но и за луѓето.

Со топењето на мразот, ќе се зголеми нивото на морињата и океаните, што, пак ќе резултира со многу поплави.

Покрај тоа, бидејќи водата во мразот е слатка, може да го промени соодносот на сол во океаните, што ќе се одрази негативно врз живиот свет во нив.

Таџ Махал

Изминативе деценија-две, бојата на надворешноста на Таџ Махал е видно променета поради загадувањето на воздухот во Индија.

Но, загадениот воздух предизвикува и корозивни дождови кои го оштетуваат зданието, па Таџ Махал веќе кородира.

Доколку не се заштити, сосема возможно е во блиска иднина да се сруши или, во најмала рака, градбата да не биде безбедна за посета.

Венеција

Уникатниот италијански град кој е изграден врз 120 островчиња и има околу 170 канали, постепено тоне.

Една од причините е калливото дно на морето врз којшто е изграден градот, заедно со несоодветните столбови на кои се потпира.

Покрај тоа, овде е и ризикот од зголемување на нивото на морето поради климатските промени.

Некои експерти веруваат дека Венеција ќе стане недостапно место уште пред 2100 година.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава