Супер-сексизам

super-seksizam-povekjeСписанијата можеби го имаат фотошоп на своја страна, но стриповите остануваат лидери во поставување нереални стандарди за женска убавина и...


...сексипил бидејќи ним воопшто не им ни требаат вистински жени.

Јасно е дека суперхероите имаат супермоќи, па логично е да живеат повозбудлив живот од нас и да изгледаат многу подобро од нас. И не би се барало доза реалност кога во светот на фантазијата згодните машки и женски ликови би се третирале на барем приближен начин.

Можеби и немаше да се слушаат толку замерки за костимите (мора да биде припиено за полесно движење, а големите гради се чиста случајност, нели?), ако не беа смешните пози.

Насекаде ги гледаме машките ликови со стегнати тупаници или оружје во рака, став што покажува подготвеност за влетување во жестока пресметка и очекувано напнати гримаси. Но на жените како никој да не им кажал дека ќе треба да се борат. Не, не, тие на раат си позираат како за Плејбој, а изразот на нивните лица изгледа како вежбање за фејсбук слика пред огледало.

Оние кои сметаат дека ваквите замерки се претерани нека разгледаат на што би личеле стрип-јунаците кога би се угледале на нивните секси колешки.

Ама кога ќе подразмислиме, колешкиве мора да се многу појаки - ем се борат полуголи и скоро незаштитени, ем се толку ефикасни што секогаш имаат време да си ја наместат фризурата!

super-seksizam-1

super-seksizam-2

super-seksizam-3

super-seksizam-4

super-seksizam-5

super-seksizam-6

super-seksizam-7

super-seksizam-8

super-seksizam-9

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хурем Султан, Вивиен од Pretty Woman - Како би изгледале познатите женски ликови без шминка? Некои женски филмски ликови се многу специфични поради шминката што ја носат. Но...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
„Колега беше опседнат со мене – ме следеше, ми се закануваше, а полицијата изреагира дури откако ми ... 31-годишна Британка доживеал вистински кошмар кога нејзин нов колега станал опсе...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...

Најчитани неделава