Календарот на згодните австралиски пожарникари за 2025 година

Згодните австралиски пожарникари во календарот за 2025 се претставени како херои од реалноста кои се борат со огнени стихии, но ја покажаа и нежната страна додека позираат со животни од дивиот свет, но и со кучиња, мачиња и коњи. 

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-01.jpg

Австралиските пожарникари го објавија календарот за 2025, а има 5 изданија поделени во категории – календар на херои, со коњи, со измешани животни, со мачки и со кучиња.

Во првиот календар, згодните пожарникари се претставени како вистински херои од реалноста кои се борат успешно со огнените стихии и предизвиците кои им ги носи работното место, додека се полуголи и неодоливи.

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-02.jpg

Во другите неколку изданија, тие ја покажаа својата нежна страна, додека разголени позираат со слатки животни во нивна прегратка, меѓу кои коали, јагниња, пилиња, кучиња, мачки, коњи.

Календарот постои од 1993 година, а од своите почетоци, со продажба на истиот се собираат средства за хуманитарни цели и досега имаат собрано преку 3.45 милиони долари за различни акции.

Оваа година, со календарот тие ќе донираат помош за САД, за да помогнат на луѓето и животните кои беа погодени од ураганите Милтон и Хелена, во знак на благодарност на помошта која тие ја добија од нив при катастрофалните пожари во Австралија во 2019-2020.

Храбри, згодни, привлечни, шармантни и во истовреме слатки – момците навистина одлично си ја вршат својата задача и на работното место, но и на фотосесиите.

Во продолжение повеќе фотки од сите изданија на календарот за 2025 – дами, уживајте:

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-12_copy.jpg

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-13.jpg

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-14.jpg

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-15.jpg

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-16.jpg

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-17.jpg

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-18.jpg

kalendarot-na-zgodnite-avstraliski-pozharnikari-za-2025-godina-19.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Најчитани интервјуа на CRNOBELO во 2025: Љубовни приказни, успешни Македонци во странство, животни б... Меѓу патувачките и животните приказни на Македонците, од кои дел се јавни личнос...
Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ) Иако мнозинството пилоти се посветени професионалци кои можат да ни служат и как...
8 причини зошто животот со смартфон е (многу) полесен, низ илустрации Ако порано сакавме да си купиме облека, немавме избор освен со часови да шетаме ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава