Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ)
Иако мнозинството пилоти се посветени професионалци кои можат да ни служат како пример, мал број од нив отстапуваат од нормата, па одат и до крајности. Некои правеле журки со многу алкохол пред утрински лет, некои спиеле со стјуардеси, а некои и тајно ги снимале овие средби, па ги објавувале. И, очекувано, останале без работа.

Секоја професија си има свои тајни, а истото важи и за вработените во воздухопловство, како стјуардеси и пилоти.
Некогаш овие тајни ја прикажуваат самата професија во лошо светло, но важно е да се напомни дека не се однесуваат на сите.
Кога се во прашање пилоти на комерцијални авиони, мнозинството се посветени луѓе кои професионално си ја вршат работата и кои може да ни служат како пример.
Но, некои отстапуваат од оваа норма, па одат и до крајности. Доста често, нивните постапки ги оставаат и без работа.
Неколку бизарни инциденти кои го откриваат мрачниот свет на некои пилоти:
Тројка со стјуардеси
За The Sun, пензиониран пилот зборува за инцидент кога негов колега ја поминал вечерта со многу алкохол, без разлика што следното утро имале лет.
Копилотот, пак, бил зафатен со нешто друго.
„Пилотот организираше забава во неговата хотелска соба, што не беше необично, но овој пат забавата траеше многу подолго. Порачуваше пијалаци до доцна во ноќта…
Следното утро требаше да лета и беше отпуштен. Неговиот копилот не беше на забавата, но имаше алиби – беше во кревет со две стјуардеси“.
Пилот воајер
Како што открива The Sun, годинава пилот од британска авиокомпанија бил уапсен за воајеризам.
Имено, тој снимил над 16 жени без нивна дозвола, а дел од жените биле вработени како стјуардеси во други авиокомпании.
Пилотот бил откриен откако неколку од жените нашле видеа од нив на порнографски сајтови.
Пилотот веќе е отпуштен, но истрагата за случајот уште е во тек.
Пиење алкохол пред лет
Пензионираниот пилот открива дека сведочел на низа вакви скандали кои резултирале со отпуштање.
Иако денес пилотите и стјуардесите не смеат да пијат алкохол најмалку 8 часа пред лет (во некои авиокомпании и повеќе), некои го прекршувале ова правило.
Во 2018-та, пилот од Англија добил осуммесечна затворска казна откако бил фатен во алкохолизирана состојба додека е на работа.
Пилотот испил три дупли вотки во хотелската соба, а потоа се качил во авионот што требало да го управува.
За среќа, техничарот што го проверувал авионот забележал дека мириса на алкохол, па веднаш повикал полицијата.
Друг пензиониран пилот раскажува за ситуација кога стјуардеса му кажала дека ќе почнат со пиење веднаш штом ќе слетаат.
„Во целата моја кариера, никогаш не сум видел некој да пие во авионот. Ако некој виде како некој пие, треба веднаш да го пријави.
Но, во една пригода, стјуардеса ми пријде кон крајот на летот и ме праша каде ми била плоската за алкохол.
Кога зачудено ја прашав зошто ми е плоска, ми кажа дека со пилотите си полнеле алкохол во неа, па почнувале да пијат во автобусот што ги носел до хотелот“.
