Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ)
Сепак, пилотот истакнува дека ова бил еден инцидент, а споделува и дека ова професија може да направи некој да се чувствува осамено.
„Професијата е навистина чудна и можно е да се чувствувате осамено бидејќи треба да поминете две недели со луѓе кои за вас се странци“.
Забави со кокаин
Во 2023 година, пилот бил суспендиран откако самиот се пофалил дека користел кокаин на забава во Јоханесбруг.
Кажал дека бил толку издрогиран, што не можел да ги отвори очите, и сето ова само неколку часа пред лет.
Во 2024-та, пак, бил суспендиран друг пилот, откако бил забележан како шета пијан и гол низ хотелот во којшто отседнувал додека го чекал наредниот лет.
Тој имал 36 часа до летот, односно доволно време да се отрезни, но поради недоличното однесување, веднаш бил суспендиран.
Проблематичните пилоти се многу малку
Повторно за The Sun, друг пилот открива дека оние кои биле фатени како прават нешто погрешно, генерално се проблематични луѓе и приватно.
„Пилотите кои ги фаќаат со алкохол обично имаат проблем со алкохолизам. Но, културата се менува. Сега сите имаат телефони и камери и другите мора да бидат повнимателни да не бидат снимени“.
Што се однесува до авиокомпаниите, тие будно ги следат сите поплаки и пријави и делуваат веднаш. Па, пилотите мора да ги исполнуваат високите стандарди кои им ги налага професијата.
Спирова С. | Црнобело
