13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие?

Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќам корпата за пазарење на свое место во маркетот.

13-mali-raboti-so-koi-lugjeto-sekoj-den-pridonesuvaat-za-podobro-opshtestvo-01.jpg

Луѓе на Buzzfeed ги споделуваат малите работи кои ги прават секојдневно, а кои го прават општеството подобро.

Ги правите ли и вие?

Исповеди за малите работи со кои луѓето секој ден придонесуваат за подобро општество:

Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката.

Секогаш ја враќам корпата за пазарење на свое место во маркетот.

Се преправам дека не сум ги видел срамните моменти на луѓето во јавност.

Ако некој несакајќи ме плукне додека зборува, се правам дека не сум забележала.

Не го оставам ѓубрето до контејнерот, кога тој е преполн, ако треба без проблем ќе попешачам за да најдам друг празен контејнер.

Никогаш не им се јавувам на луѓето за да ги вознемирувам, ако за нешто можам да ги известам преку мејл или порака.

Не си го кажувам јавно мислењето на теми за кои немам доволно информации.

Стојам на еден метар од човекот кој е пред мене на шалтер во банка.

Нема да прикачам групна фотографија на социјалните мрежи, ако некој од луѓето на неа е лошо испаднат.

Чекам луѓето да се симнат од автобус, пред јас да се качам.

Ако некој ми дозволи да поминам со автомобилот, секогаш се заблагодарувам.

Ако некој ми кажува иста шега или виц, по втор пат, ќе се преправам дека не сум ја слушнала претходно.

Кога некој ќе ми го дадете својот телефон за да видам слика, никогаш не му ја листам галеријата, туку ја гледам само таа слика.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg