8 брзински начини да си ја подигнете енергијата и продуктивноста (кога не знаете кај ви е главата)
Како да си го подигнете нивото на енергија, концентрација и продуктивност во деновите кога имате куп работа, а не можете да се фокусирате?

Ви се случува ли некогаш да имате толку многу работа, а да не можете да се сконцентрирате и го губите времето без да ви дојде енергија да сработите?
Можете да практикувате неколку мали трикови кои ќе ви го подигнат нивото на енергија и ќе почнете порасположено и продуктивно да чекорите низ денот и обврските.
Во продолжение неколку совети:
Појадувајте надвор наместо на работа, на сонце (ако го има барем малку) за да си го подигнете расположението утрински

Вежбајте или барем одете до работа пеш/со велосипед – дури и кога мислите дека сте уморни, ќе имате повеќе сила и енергија откако ќе завршите

Јадете цело зрно пченица и свежи намирници, наместо брзи јаглехидрати, за да имате повеќе енергија и стабилно ниво на шеќерот

Направете нешто добро и убаво пред важен настан или состанок за да го разбудите мозокот и да не се чувствувате потонато (шетајте со кучето, играјте си со детето, изгледајте позитивно видео итн.)

Запалете си мирислива свеќа од мириси како лимон и пеперминт кои имаат моќ да ја подигнат концентрацијата

Ако не сте љубител на кафе, напијте се зелен чај, кој исто така содржи кофеин и ќе ви го подигне нивото на енергија и концентрација

Слушајте музика која ве расположува и размрдува додека работите, наместо песни кои ве успиваат

И облеката игра улога – се верува дека сината боја ја подобрува концентрацијата, продуктивноста и размислувањето, па облечете се соодветно

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови
„Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото)
„Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“
„Вреснав...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор...
Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот
Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги
Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век?
Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...