10 забавни илустрации кои покажуваат колку се разликува животот во град и во село
Кога ве мрзи да станете и да ја пуштите машината за садови, потсетете се дека некоја жена секој ден треба да ја чисти шталата на добитокот... Забавни илустрации што ги покажуваат разликите помеѓу животот во град и во село.
Оние што биле родени и израснале во село или во мал град, често сонуваат да побегнат во големиот град и да си побараат поубава иднина.
На сите ни е јасно дека градовите имаат свои предности, како повеќе забава, подобар културен живот, повеќе можности за напредок, но и малите градови и села имаат своја предност, како чист воздух, природна храна, голем број пријатели и соседи, со кои никогаш нема да се чувствувате осамени.
Со следниве илустрации сигурно ќе се насмеете, а веруваме дека сосема добро ја доловуваат разликата помеѓу животот во град и во село.
Кога ве мрзи да станете и да ја пуштите машината за садови, потсетете се дека во некое село една домаќинка мора секој ден да ја чисти шталата за стоката, и не ѝ е тешко.
Во градовите се смета дека на соседите е сосема доволно да им кажете „Добар ден“ и да си заминете. Во малите места и во селата не можете да поминете така. Сигурно ќе ве прашаат каде сте биле и што сте купиле... И, не, не можете да ги одминете.
Градските мачки вообичаено имаат достоинствен живот, во стан, со редовна посета на ветеринар и грумер... Во село мачките се чуваат за да ги бркаат глувците и нема потреба да ги пуштате дома.
Ако се жалите за комарците што ве напаѓаат од мај до ноември, помислете си само како е во село. Дури и комарците се посилни кога живеат во природа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





