Строги (и чудни) правила кои стражарите на кралската гарда во Англија мора да ги следат

Можат да зборуваат, но не секогаш

Молчењето е едно од нештата по кое се познати стражарите, но тие сепак можат да зборуваат во одредени ситуации.

Најчесто тие го прекинуваат молкот кога туристи им го попречуваат патот.

Исто така, имаат дозвола да искористат и повишен тон ако се соочени со несовесни туристи или луѓе кои пробуваат да ги допрат.

strogi-i-chudni-pravila-koi-strazharite-na-kralskata-garda-vo-anglija-mora-da-gi-sledat-05.jpg

Воопшто не смеат да мрдаат

Освен кога парадираат, според протоколот, стражарите не смеат да мрдаат, уште помалку да се оддалечат од нивното место.

Генерално, треба да стојат како статуи.

Сепак, за да им ја олеснат работата, денес имаат дозвола на секои 10 минути да направат неколку чекори со марширање, па да се вратат на своето место.

Исто така, во лето, кога времето е потопло, дозволено им е да се движат за да се напијат вода.

strogi-i-chudni-pravila-koi-strazharite-na-kralskata-garda-vo-anglija-mora-da-gi-sledat-06.jpg

Некогаш имаат и други (одвратни) обврски

Кога не стојат како статуи, стражарите имаат и други обврски.

Додека се на функција, тие живеат во таканаречени воени бараки во централен Лондон, во близина на Бакингемската палата.

И, овде се одговорни за хигиената.

Но, на еден кат од бараките има по 32 стражари, па не е баш едноставно да се одржува нивото на хигиена.

Според поранешни стражари, честопати имале проблеми со водоводот, тоалетите, електричната инсталација и слично.

strogi-i-chudni-pravila-koi-strazharite-na-kralskata-garda-vo-anglija-mora-da-gi-sledat-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg