Моќта на бројките - пресметајте кои години ќе ви бидат среќни и ќе ви донесат пресвртница во животот

Нумерологијата, покрај другите работи, може да ви помогне да пресметате и кои години во иднина ќе ви бидат среќни и ќе ви донесат пресвртница во животот, а тоа ќе го направите со само неколку цифри.

mokjta-na-brojkite-presmetajte-koi-godini-kje-vi-bidat-srekjni-i-kje-vi-donesat-presvrtnica-vo-zhivotot-01.jpg

Многу луѓе веруваат во нумерологија и во моќта на бројките, па од нив бараат совет и со нивна помош решаваат какви ќе бидат следните чекори што ќе ги преземат во животот.

Според верувањата, годината што ќе ја добиете преку пресметката, е година во која ќе ви се случат најголемите промени, но ќе ви се исполни и нешто што потајно го посакувате долго време.

Како да пресметате за која година станува збор и да откриете кој дел од животот ќе ви биде најважен?

За ова ви треба годината на раѓање, а потоа, пресметката можете да ја направите самите.

На пример, вие сте родени на 9 ноември 1986 година, треба да ја земете последната цифра од годината на раѓање, а потоа да ги додадете бројките од месецот и денот и да соберете.

Па така, треба да ги соберете 6+1+1+0+9 со што ќе го добиете бројот 17.

mokjta-na-brojkite-presmetajte-koi-godini-kje-vi-bidat-srekjni-i-kje-vi-donesat-presvrtnica-vo-zhivotot-02.jpg

Потоа, овој број ќе го додадете на годината на раѓање, односно 17+1986 со што се добива бројот 2003.

Ова е првата важна година во вашиот живот.

Потоа ја повторуваме операцијата, така што пак ја земаме последната бројка од добиената година, односно бројот 3 од 2003-та.

Во случајов, тоа би било 3+1+1+0+9=14.

Исто како и при првата пресметка, 14 се собира со 2003, па во случајов се добива 2017, односно следната година што ќе биде значајна во вашиот живот.

На овој начин пресметувате додека не добиете неколку важни години - односно годините во кои може да очекувате промени.

И запомнете - дури и да не верувате во нумерологија, ова е одличен начин да се забавувате сами или со пријателите.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава