Другарки кои секоја девојка треба да ги има

drugarki-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-povekjeСекоја блиска личност ви го збогатува животот и гради карактерот, а вашите најдобри другарки веројатно обединуваат и по неколку од наведените шест...


...типа пријателки кои секоја девојка треба да ги има.

Додека размислувате која каде спаѓа, сетете се и дека е лесно да ги оценувате другите заборавајќи на своето однесување.

Потрудете се да бидете најдобриот пријател на светот, но и да го гледате најдоброто во другите и брзо ќе сфатите дека сте опкружени со прекрасни луѓе.

Ако и не излезе така не заборавајте дека никогаш не е доцна за стекнување нови пријатели!


„Психијатар“

drugarki-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-1

Има трпение да ве ислуша и ќе ви помогне да најдете решение за проблемите. Ќе ве ислуша дури и ако се жалите за истиот проблем веќе цела година и нема да ви замери што не сте нашле решение.


Брутално искрена

drugarki-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-2

Како ми стои? Што мислиш за тоа? Добра ли е идејава? Ласкањето е многу блиску до лажењето, па се цени кога некој отворено ќе ви каже што мисли. Инаку сите се „брутално искрени“ зад грб...


Мајчински тип

drugarki-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-3

Нема да ве искара, ама на мамурните утра ќе биде тука да стави кафе и да се обиде да ве расположи, а по раскинувањето ќе препознае дека не сте расположени за разговор и ќе предложи заедно да изгледате фина комедија.


За забава

drugarki-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-4

Скроена за долги и луди журки, оваа пријателка никогаш нема да ве притиска да си одите дома порано. Можеби не е достапна за утринско кафе, ама нема да ве одбие за коктел вечер.


Старото добро другарче

drugarki-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-5

Се познавате откако паметите за себе, заедно ја поминавте фазата на лигавење по тинејџерски бој-бендови, а потоа заедно се смеевте на вашите слики од фазата на лигавење по тинејџерски бој-бендови. Си ги паметите првите симпатии, првите врски, првата голема љубов, првите одмори, првите разочарувања... Сте се карале и смирувале и заедно сте пораснале. И знаете дека нема нешто што не би го направиле една за друга.


Новата пријателка

drugarki-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-6

Секое пријателство ви ги проширува хоризонтите, па макар и само за местата за излегување. А и одлично е кога ќе добиете нова публика за вашите омилените анегдоти.

Ги имате ли сите? :)

Би можело да ве интересира:

Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
12 импресивни трансформации, кои ќе ве инспирираат и вие да смените нешто (дома или кај себе) „Имав лош период и поминав скоро 2 недели во кревет плачејќи, без да станам. Кос...
Искрени илустрации во кои ќе се пронајдат сите над 30 години Ако во тинејџерските години и 20-тите едвај чекавме да излеземе во гласна дискот...
Исчезнал во Бугарија, снимен е како бега од аеродром во Варна: Мистеријата зад „најпознатата исчезна... Во 2014 година, Германецот Ларс Митанк отишол на одмор во Варна, Бугарија. Но, к...
5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи прод...
14 луѓе кои сами си ја организираа кујната, а личи како да дале богатство на професионалци Ако ви здодеа изгледот на кујната и сакате да го смените нејзиниот лик, овие 14 ...

Најчитани неделава