Преголема самодоверба и уште 7 „добри“ карактеристики кои луѓето потајно ги мразат

Обично луѓето кои се соочуваат со проблеми сакаат некој да ги разбере, некогаш и да им помогне. Но, нема да ве гледаат како добра личност ако постојано ги сожалувате.

pregolema-samodoverba-i-ushte-7-dobri-karakteristiki-koi-lugjeto-potajno-gi-mrazat-01.jpg

Некои карактеристики ги нарекуваме добри, кога во реалноста ретко кој ги смета за такви.

Дури и карактеристиките кои се навистина добри, можат да преминат и во навреда ако претерате со нив.

Осум „добри“ карактеристики кои всушност сите ги мразат:

Претеран оптимизам

Точно е дека повеќе нè привлекуваат весели и позитивни личности, но и во овој случај треба да има граници.

Постојаното добро расположение и оптимизмот, посебно во ситуации кога е јасно дека нешто не е во ред, можат да бидат и токсични.

Сигурно не сакате личност која на секој проблем ќе ве советува само да бидете среќни и да ги игнорирате емоциите како тага.

Брутална искреност

За многумина, бруталната искреност е само изговор за некој да биде бесчувствителен.

Не мора секогаш да го кажете вашето мислење ако знаете дека со тоа ќе повредите некого, дури и ако вашето мислење ја одразува вистината.

Некои работи е подобро да ги премолчите.

Постојано планирање

Добро е да се биде организирана личност, но опсесивното планирање и организирање произлегува од желба за контрола.

Спонтаноста е една од работите што го прават животот поубав и повеќето не сакаат личности кои ја планираат секоја секунда од денот до најмал детаљ.

pregolema-samodoverba-i-ushte-7-dobri-karakteristiki-koi-lugjeto-potajno-gi-mrazat-02.jpg

Претерано давање комплименти

Повеќето луѓе сакаат комплименти, но на никој нема да му се допаѓа ако постојано го фалите и го „величате“.

По некое време, постојаното давање комплименти прави личноста да се чувствува непријатно, а и самите комплименти делуваат неискрено.

Премногу логичко размислување

Ние луѓето сме суштества со емоции, а емоциите не секогаш ја следат логиката.

Па, ако некој е тажен, немојте да пробувате да му објасните зошто нема логична причина да биде тажен.

Едноставно дозволете му да ја чувствува емоцијата.

Не секоја ситуација во животот бара логичко размислување.

pregolema-samodoverba-i-ushte-7-dobri-karakteristiki-koi-lugjeto-potajno-gi-mrazat-03.jpg

Претерана дружељубивост

Ако постојано каните и други луѓе кога ќе се договорите со една личност, сигурно нема да ве перципира како дружељубив пријател.

Напротив, со ова покажувате дека не ја почитувате.

Во ред е да имате многу пријатели, но треба да имате предвид и како се чувствуваат луѓето околу вас.

Преголема самодоверба

Самодовербата е одлика кон која треба да се стремиме сите.

Но, кога е преголема, делува како арогантност.

Секој од нас мора да знае да биде и скромен, и свесен за своите недостатоци.

Сожалување

Емпатијата е добра одлика, но постојаното сожалување на другите не ве прави подобра личност.

Некогаш сожалувањето може да биде и навредливо.

Обично луѓето сакаат разбирање од другите, некогаш можеби и помош, а не некој да ги сожалува.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg