Ја изневерувал со мажи, ѝ давал дрога: Скандалозниот брак на принцезата Маргарет, сестра ѝ на Елизабета

Ни двете деца што ги добиле Маргарет и Ентони не им помогнале да се зближат, па фотографот одел дотаму што ги носел своите љубовници во палатата.

И, сето ова со цел за Маргарет да дознае што прави.

ja-izneveruval-so-mazhi-daval-droga-skandalozniot-brak-na-princezata-margaret-sestra-na-elizabeta-15.JPG

Во меѓувреме, и Маргарет почнала да спие со други мажи.

Иако Ентони и Маргарет пробувале да ги скријат проблемите во бракот, оние кои работеле во палатата секако дека бил свесни за целата драма.

„Маргарет ќе спиеше со некого, па ќе му се пофалеше на Ентони.

Еднаш мислам дека спиеше со негов пријател, а потоа и Ентони спиеше со истиот маж за да ѝ се одмазди“, открива поранешен вработен во палатата за кралски биограф.

ja-izneveruval-so-mazhi-daval-droga-skandalozniot-brak-na-princezata-margaret-sestra-na-elizabeta-16.JPG

Но, аферите не биле единствениот начин на којшто Маргарет пробувала да се справи со неверствата на сопругот.

Почнала да пие многу алкохол, да пуши многу цигари, а наводно и пиела седативи.

Според некои извори, Ентони ѝ давал и разни видови дрога, како кокаин и ЛСД, бидејќи и самиот бил зависник.

„На крајот нивната врска беше многу лоша. Ентони оставаше дрога насекаде низ нивниот апартман во палатата.

Некогаш оставаше и пораки како ’Зошто не ги испиеш сите овие и не ни направиш услуга на сите?‘“.

ja-izneveruval-so-mazhi-daval-droga-skandalozniot-brak-na-princezata-margaret-sestra-na-elizabeta-03.JPG

Конечно, во 1976 година, Маргарет и Ентони решиле да се разделат.

Нивниот развод беше првиот во кралското семејство по 400 години.

По разводот, Маргарет остана сама во палатата од крајот на животот, но Ентони не седел така.

Во 1978 година тој се венча со втората сопруга. Но, ја изневерувал и неа, а откако добил дете со љубовница, се развел вторпат.

ja-izneveruval-so-mazhi-daval-droga-skandalozniot-brak-na-princezata-margaret-sestra-na-elizabeta-07.JPG

И покрај сите скандали, Маргарет и Ентони останале блиски до смртта на принцезата во 2002 година.

Ентони почина во 2017-та, на 86-годишна возраст.

Прочитајте и: Факти за првиот сопруг на кралицата Камила: Ја изневерувал со другарки, спиел со сестрата на Чарлс

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава