Македонците откриваат: Кои песни им се клише за прв свадбен танц (и никогаш не би ги избрале)?

„’Лутка’ од САРС ми е толкво клише, што мислам дека ќе си отидам од свадба кога ќе ја слушнам следен пат“ - велат читателите на CRNOBELO.com, кои одговорија на анкетното прашање за тоа на кои песни не треба да се игра прв свадбен танц. Која е вашата најклише песна?

makedoncite-otkrivaat-koi-pesni-im-se-klishe-za-prv-svadben-tanc-i-nikogash-ne-bi-gi-izbrale-01.jpg

Колку што им е на идните младенци важен изборот на венчаница, бидермаерот за невестата, место каде што ќе се одржува свадбата, што ќе им се послужи на гостите и кој ќе им свири на свадбата, толку им е важна и песната за првиот свадбен танц.

И додека едни ја избираат „нивната“ песна, онаа на која првпат се бакнале или онаа на која првпат танцувале, други немаат своја посебна песна, па честопати избираат песни што им се допадливи, а ги слушнале на нечија друга свадба.

Или, едноставно, се решаваат за некоја песна откако ќе изгуглаат кои се најпопуларните песни за прв танц, а по нивното преслушување избираат една.

Токму затоа, има неколку песни на кои невестата и младоженецот го играат својот прв танц (без оглед дали учеле специјална кореографија или не), а кои се вистинско клише.

Преку анкета на Инстаграм Стори ги прашавме Македонците кои песни им се најнеубави и клише за првиот свадбен танц, а најголемиот број од нив ја одвоија песната „Лутка“ од САРС.

„’Лутка’ од САРС ми е такво клише, што мислам дека ќе си отидам од свадба кога ќе ја слушнам следен пат“.

makedoncite-otkrivaat-koi-pesni-im-se-klishe-za-prv-svadben-tanc-i-nikogash-ne-bi-gi-izbrale-02.jpg

Ова се останатите одговори:

1. „Ако те питају“ од Петар Грашо ми е преслушана. Последниве неколку години секоја втора свадба почнува со неа“.

2. „Од овој дееееен, ти си ми единственаааааа“ од Владо Јаневски.

3. „’Лутка’ од САРС, ‘Ако те питају’ од Грашо, ‘Thinking Out Loud’ од Ед Ширан и уште неколку што се преслушани“

4. „Би ја издвоила ‘За нас’ од Брејк“

5. „’Туѓа си бескрајно’, ако не е песна на која се игра првиот танц. Но, тоа ми е песна што не треба да се пее на свадби воопшто“

6. „Која било српска ми е лош избор како песна за прв свадбен танц“

7.’Port Ti me Cesare’ од Ерос Рамацоти

8. „Од U2 - ‘Still Haven’t Found What I’m Looking For’“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
15 фотки што ќе ве излудат ако сте перфекционист Коцки за играње со несиметрични точки, капак за тоалетна школка со различна форм...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
„Бев киднапирана од брачен пар на 3-годишна возраст, во Макарска – ме спаси граничната полиција, во ... „Не се плашев од други луѓе и не чувствував страв од мажот и жената што ме кидна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg